Спасовски: Владата на СДСМ вложи многу во Куманово, реконструирани училишта, изградени спротски сали, вложени над 121 милион евра само во инфраструктура
Почитувани,
Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи напиша за вложувањата на Владата предводена од СДСМ во Куманово.
„Постојано сум посветен и на унапредувањето на живот во мојот роден град, Куманово, каде што живее и моето семејство и каде планирам да продолжам да живеам и јас, како и досега, независно од професионалните ангажмани.
Куманово започна да се развива во европска општина, благодарение на фокусот на СДСМ кон развој, а Владата предводена од СДСМ помогна во реализацијата на бројни проекти, коишто ќе бидат уште повеќе, со продолжувањето на преговорите со ЕУ и членството.
Денес Куманово има комплетно нов Ургентен центар. Целосно е реконструирано училиштето Киро Бурназ, со средства од над 3 милиона евра. Реконструиран е кровот на ОУ Крсте Петков Мисирков (Браќа Миладиновци). Реконструирано е и ОУ Јероним де Рада, каде е изградена и спортска сала. Изградена е училишна спортска сала и во училиштето Наце Буѓони. Со средства обезбедени од Владата, односно Министерството за образование се заменети подови, врати и прозорци, фасади во многу проекти во скоро сите општински училишта.
Адаптиран е дел од Центарот за детско творештво, со пренамена за Детска градинка (Детелинка). Се изведуваат градежни работи за доградба на објекти коишто се дел од детските градинки (објект Синоличка). Градоначалникот иако вети 3 детски градинки, не изгради ниту една – и ова исто така треба да е пример, кој само ветува – а кој има капацитет и да исполни. Во водоводна и канализациска мрежа се вложени повеќе од 150 милиони денари само од 2020 година.
Вработените во СВР Куманово добија реконструирана полициска станица.
Куманово е поврзано од сите страни. Реконструирани се сите мостови, рехабилитирани се сите регионални патишта со 121 милион евра.
Се рехабилитира и патот Куманово – Страцин, којшто е дел од Коридор 8, во вредност од над 13 милиони евра, делница од 32 километра – патен правец што е и меѓународен пат којшто ја поврзува државата со Европа, па затоа е важен и за бизнис заедницата.
Во однос на социјалните и економските политики на оваа Влада, знаете дека го решивме деценискиот проблем со стечајците.
За младите, реновиран е студенсткиот дом Гоце Делчев, а во тек се реконструкции на домовите Пелагонија и Кузман.
Може уште многу да се набројува за влогот на Владата предводена од СДСМ во Куманово.
На 8ми мај Кумановци избираат број 1, да продолжи европскиот пат, да победи европска Македонија!”, напиша Спасовски.