Ова се одлуки за иднината на државата и граѓаните, ова не го правиме заради Владата или партијата, туку за државата и за иднината на генерациите пред нас. Ова е момент за забрзување на евроинтеграциите и секоја партија треба да одлучи. Треба да го искористиме моментот и да донесеме одлуката. Изборот е дали ќе одиме во интеграција во ЕУ или во изолација.
Државата како никогаш досега има силна меѓународна поддршка за членство во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет. Последен доказ за тоа е Резолуцијата усвоена во германскиот Бундестаг, со која се потврдува македонската култура, идентитет и јазик, како дел од европското културно наследство.
📌Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на општина Кавадарци беше членот на ЦО Оливер Спасовски, а портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска заедно со Милена Стевановиќ оствари средби со граѓаните на општина Кичево