Оливер Спасовски од СДСМ вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ „24“ рече дека интерпелацијата на членовите на Судскиот совет не претставува реформа туку упад на уставниот поредок во кој, како што објасни, законодавната власт се наметнува врз судската. Тој објасни дека СДСМ е против интерпелацијата. „Сето тоа што сака да прикаже власта како некаква реформа која започнува со инетрпелација на членовите на Судски совет, не претставува ништо друго туку упад на тој уставен проедок во кој законодавната власт се наметнува врз судската власт и треба да има реформи. Тие не започнуваат со интерпелација на пет члена од кои 13 се вкупно, вие имате интерпелација за петмина членови а оставате осуммина членови внатре.
Овде не може да стане збор за никаква реформа и еден од приоритетите е и законот за Судски совет и сметам дека ако сакаме реформи, Владата мора да излезе со план и да видиме кој е планот и што треба да се промени во таа реформа. Ние кажавме јасно подадовме рака на власта во однос на спроевдување на сериозни реформи но ова е жесток упад кој се нема случено во однос законодавна на судската власт“, рече Спасовски. Тој додаде дека ставот на СДСМ е јасен и нема да ја поддржат интерпелацијата. „Ние го кажавме нашиот став и сме против интерпелацијата бидејќи сметаме дека ова е школски пример за упад на уставниот проедок на државата. Нема да се променат нештата. Очекуваме Владата да понуди план и ние сме подготвени да разговараме и да змеме одговорност заедно со Владата“, додаде Спасовски. Тој зборуваше и дека потреба е системска а не персонална промена.