Врз основа на барањата на граѓаните, на невладините организации и многу експерти коишто работат на зачувување на животната средина, и најважно, врз основа на поразителните резултати коишто доаѓаат за загаденоста на воздухот, покренуваме иницијатива за одржување на Надзорна расправа во Собранието. Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните функции на Собранието, да преку вакви деловнички и законски инструменти, успееме да седнеме сите на една маса и пред граѓаните да ги отвориме сите прашања. Оваа иницијатива ја покренавме заедно со пратениците на Левица. Сметаме дека борбата против загадениот воздух може да ги обедини сите пратеници во македонскиот парламент.
Зачувувањето на животната средина е една темелна вредност којашто е загарантирана со Уставот а е дел од корупусот социјални, економски и културни права на граѓаните а не тангира и сите нас поединечно и сите нас заедно. Токму затоа сметам дека одговорноста пред се на пратениците во овој дел е да заеднички седнеме и да разговараме за решенија. Врз основа на тие решенија што ќе ги изнајдеме да произлезат ктивности коишто ќе допринесат за зачувувањето на животната средина. Надзорната расправа како инструмент ќе даде одговор на многу прашања, ќе може на високо ескпертско ниво да се разговара со сите оние кои работат во областа, да ги чуеме мислењата на институциите, да ги видиме сите проблеми. Но најважно од се, да се отвори конечно една ваква дебата и да преку таа дебата побараме од извршната власт да преземе конкрени мерки и активности се со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат а тоа е здрава животна средина и чист воздух. Ако ги погледнеме статистичките податоци во делот на влијанието на воздухот врз здравјто на граѓаните, за тоа колку и какви болести се развиваат како последица на нечистиот воздух се поразителни факти кои мора да не замислат сите нас. Секој еден што мисли дека е одговорен политичар да застане зад оваа иницијава. Благодарам.