„Доволно беше чекањето за Европа и никој не сака враќање назад по патот кон нестабилност и изолација.ДПМНЕ ќе ја одложуваат евроинтеграцијата во недоглед, сега зборуваат за рокови. Истото тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Ќе го вратат национализмот, насилството, апсењето новинари и тепањето студенти, прислушувањата и грабежот на народни пари. За тоа да немате дилема!”, рече Спасовски, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за СДСМ и коалицијата.
„Сите сме исправени пред голем предизвик, секој еден член и активист на СДСМ, секој граѓанин, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Влади, Бошњаци, Турци и сите други – имаме обврска, заради аманетот од предците борците од НОБ и АСНОМ кои ја изградиле Македонија, и уште поважно, заради генерациите кои доаѓаат, да им оставиме европска држава, европски живот дома!Затоа е важно на 8 мај сите да излеземе и да го поддржиме СДСМ, затоа што ДПМНЕ ќе го донесе повторно режимот кој долго време се трудевме да го срушиме.
СДСМ е единствената партија која ја движи државата напред, кон прогрес, интересот на граѓаните и развојот на државата – секогаш пред сѐ и над сѐ.Мора да сме силни и единствени СДСМ, заради иднината на државата.Да ги зачуваме слободата и напредокот на државата!Нема да се откажеме – Сите масовно на 8 мај гласаме за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.