9.8 C
Скопје
18/05/2024 09:40
МАКТЕЛ

  

     

 

СПАСОВ: За „научниот национализам“ на Силјановска

      

Таа е класичен идеолог на популистичката десница. Устата ѝ е полна со некаква одбрана на Уставот и ослободување на уставобранителите кои го нападнаа Собранието на 27 април. Силјановска-Давкова ја потхранува ниската самодовереба на етничките Македонци

Четничкиот војвода Воислав Шешељ е доказ дека докторската титула и универзитетското професорско звање не се гаранција за водење умни политики во општеството.Напротив, многу често такви личности, заштитени со титулите за „непрокосновена умност“  можат да му направат многу поголеми штети на народот од оние кои оголениот национализам не знаат да го завиткаат во умни фрази и логички објаснувања.
Ние во Македонија тоа искуство го преживеавме со Ѓорге Иванов, кој два пати беше избиран за претседател на државата, и кому никој не му оспоруваше дека бил добар професор по политичките теории. Но за време на својот мандат како претседател на државата тој стана идеолог на антиквизацијата спроведувана од Никола Груевски, бранител на „гордоста на македонскиот народ кој не смее да прави компромиси во врска со корените на својата национална посебност“ што доведе до запирање на интегративните процеси на земјата и со својата заштита на политичкото насилство доведе до Шарената револуција.

Оттука, кога се бира претседател на државата треба многу јасно да му стане јасно на секој граѓанин, пред да го стави ливчето во изборната кутија, што може реално да очекува од политиките што тој, според сопствените ветувања, ќе ги води.А од сѐ што кажува и изјавува кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, госпоѓата Гордана Силјановска-Давкова уште сега е јасно дека со нејзиниот евентуален избор, Македонија ќе го добие својот Ѓорге Иванов на квадрат или нашиот Воислав Шешељ во здолниште.

   

Нејзина омилена тема е „одбраната на Уставот“ и владење на правото. Слично на професорот по уставно право во Србија, Воислав Коштуница, кој по смената на Слободан Милошевиќ ја доби на тацна функцијата претседател на Србија, и од таа позииција со својот „легалистички национализам“ ги поништи резултатите постигнати од демократската влада на Зоран Ѓинѓиќ, така и г-ѓа Силјановска-Давкова сите свои „добри“ намери ги им сокриено зад фразите „почитување на Уставот и владеење на правото“.

 

Откако ја загуби претседателската трка во 2019 година и беше избрана за пратеник на македонската десница во 2020 година, таа сето свое знаење и умеење го стави на располагање на партијата која ја водеше кампањата за бојкот на пописот, која се противеше на Договорот за добросоедство со Бугарија, правеше сѐ да не успее референдумот за да не се прифати Преспанскиот договор, учествуваше и учествува активно против внесувањето на Бугарите во Уставот со што се блокираат разговорите за членство на Македонија со ЕУ и ветуваше и ветува дека ќе ги амнестира осудените за извршеното насилство во Собранието на 27 март 2017 година со кое беше направен обид за спречување на мирната промена на власта.

   

     

За разлика од Билјана Ванковска и Димитар Апасиев, кои отворено и јасно велат дека да имаат власт тие би барале Македонија да излезе од НАТО и не би инсистирале на членство во ЕУ, Силјановска-Давкова го прави тоа истото само на многу прикриен, па дури и перфиден начин.Таа, како и партијата што ја поддржува, наводно немаат ништо против земјата да станела  членка на НАТО, ама тоа не смеело да се случи на начинот на којшто стана.

Не смеело да се прифати промената на името на земјата со Преспанскиот договор, референдумското прашање било манипулативно, референдумот не бил успешен, а промената на Уставот била направена на нелегален начин.Сето ова, според оваа „уставобранителка“ им дава право на граѓаните, а веројатно и на идниот претеседател на државата, да бараат поништување на нелегалната промена на Уставот со која е прифатено името Република Северна Македонија и откажување на Македонија од договорот со Грција и, наводно, дека земјата ќе останела во НАТО, бидејќи „никој заради тоа нема да се осмелел да ја исклучи од членството во тој воен сојуз“.

Иста е нејзината приказна во врска со Договорот со Бугарија и француската рамка за преговори и членство во ЕУ. Таа е предводник на хорот кој тврди дека Договорт со Бугарија е штетен и треба да се промени, односно не треба да се почитува од наша страна, дека францускиот предлог не е Европски туку шовинистичко бугарски, и затоа не треба да се внесат Бугарите во Уставот и да продолжат преговорите, туку треба да се бара нова рамка за започнување на преговорите со ЕУ.

Сите приказни на македонските националисти за тоа дека со евентуална промена на Уставот ќе започне насилна бугаризација, ќе се соочиме со нови вета од Бугарија на патот кон членство на ЕУ и деке ќе биде загрозен македонскиот национален идентитет, таа ги пакува во фразите за некаква „одбрана на Уставот“, затоа што неговата промена не била договорна со широка согласност на сите политички партии во земјата, со раскажувањето приказни дека способни личности како неа, Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски, ќе испреговараат подобра рамка за членство во ЕУ, и дека воопшто не битно колку и во какви околности ќе чекаме зе членство во ЕУ, кога имаме многу други незавршени работи кои тие имаат намера да ги завршат.

Сета нејзина приказна е еднаква на „не умри коњу до зелена трева“. Таа не му помага на ВМРО-ДПМНЕ да најде одговори на прашањето кога и како, туку ги снабдува само со „умни“ и „на уставот втемелени  изговори“  за неприфаќање, за одложување, и по потреба за излегување од  НАТО и од ЕУ.

Таа е класичен идеолог на популистичката десница. Устата и е полна со некаква одбрана на Уставот и ослободување на уставобранителите кои не дозволуваа Албанец да стане претседател на Собранието. Говори за некакви права на Македониците кои таа ќе им ги обезбеди, за гордоста на македонската нација, која претходната власт ја довела во прашање, за политика со која Македонија прво ќе станела правна држава без криминал и корупција и потоа, со така зајакната позиција ќе разговарала за членство во ЕУ.

Нејзината приказна, е позната во светот како „суверинизам“ виден веќе во кампањата за „Брегзит“, која се водеше под слоганот „Да си ја вратиме контролата назад“, по што Велика Британија излезе од ЕУ, но се гледа и во кампањата на Доналд Трамп која се води под слоганот „Да ја направиме Америка пак голема“. Со нејзината политика на Македонија може да ѝ се случи и ѝ се случува веќе „Макзит“, односно излегување  на Македонија од ЕУ уште пред да стане членка.

И срамно е што на еден примитивен национализам таа како идеолог му дава некаква „научна верификација и оправдување“ само за да се добере до функцијата претседател.Како што „научниот социјализам“ се докажа дека не е многу научен, така и овој „научен национализам на Силјановска-Давкова“ бргу ќе се покаже дека е само придонес во манипулацијата со масите.

Нејзината подршка на бојкотирачите на пописот заради опасноста од негово фалсификување и вештачко зголемување на бројот на Албанците во земјава, доведе до тоа многу Македонци да останат непопишани заради паролата „Не отворај врата“. Резултат на тоа беше бројот на албанските граѓани да се зголеми во пописните листи и тие со балансерот да добијат поголема застапеност во институциите.

Гордана Силјановска-Давкова прави сѐ за да ја добие функцијата претседател со ширењето страв од Бугарите, од Албанците и од ЕУ. Таа ја потхранува ниската самодовереба на етничките Македонци во нивниот непроменлив етнички идентитет и води кампања на ширење страв од домашниот и надворешниот непријател.Својата комунистичка идеологија врушност ја има преоблечено во исплатлив национализам.Тогаш со неа сѐ уште можела да се прибави само концесија за фри-шоп  за членови на своето најтесно семејство, но сега од можната нова функција веројатно може да се влезе и во меѓународен патриотски бизнис.

На Силјановска-Давкова очигледно не ѝ пречи што ниту една политичка партија или граѓанско здружение на Албанците во Македонија не изразува подршка за нејзината програма и кандидатура. Таа мисли дека слободно може да каже дека нејзе гласовите на Албанците во Македонија не ѝ се потребни. Сака да биде претседател на народот, но не и на сите граѓани на Македонија. Затоа ќе предложела укинување на цензусот од 40 отсто за избор на претседател во вториот круг. Таа очигледно сака да биде претседател само на  „избраниот народ“ и мисли дека тоа нема да ѝ пречи во извршувањето на една толку важна државна функција. Тоа само ќе го поттикува албанскиот национализам во Маакедонија.

Оваа нејзина амбиција може да биде оневозможена со масовно излегување на Албанците во вториот изборен круг и гласање за веројатниот ривал Стево Пендаровски, кој во изминатите пет години искрено ги подржуваше евроталанските напори и аспирации на земјава.Секако дека заради некои свои калкулации Албанците во Македонија можат да одлучат поинаку. Но кога ќе одлучуваат за тоа ќе треба да се сетат на мислата на англискиот филозоф Едмунд Бурк кој рекол:„Светот е опасно место за живеење не заради злобните луѓе туку поради добрите што ништо не преземаат“.

(Ѓорѓи Спасов е универзитетски професор и поранешен амбасадор)

    

Најново

ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА НАСТАВНИЧКАТА Детали за инцидентот во битолското училиште

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“

Sase Ivanovski

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден

Sase Ivanovski

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Sase Ivanovski

Сообраќајка кај „Џамбо“: Автомобил се заби во бандера

Sase Ivanovski

Фанта-финта со Преспанскиот

Sase Ivanovski

Уште две обвиненија за Рамиз Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Sase Ivanovski

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski
Вчитувам....