Во својот најнов извештај под наслов „Од економија на окупација до економија на геноцид“, Албанезе наведува дека многу компании профитираат од „нелегалната израелска окупација, апартхејд и сега – геноцид“, јави ДПА.
– Додека политичарите и владите ги избегнуваат своите обврски, премногу компании профитираат од системот на окупација, изјави таа.
Израел остро го осуди извештајот, оценувајќи го како „опсесивно манифестирање омраза со цел делегитимирање на израелската држава“ и како „злоупотреба на нејзината функција“.Во извештајот се истакнува улогата на корпоративните актери во одржување на „доселувачкиот-колонијален проект“ на територијата и нивното учество во процесите на раселување и заменување на палестинското население, особено по нападот на Хамас на 7 октомври 2023, кој го предизвика тековниот вооружен конфликт.Израел не соработува со телата на Советот за човекови права на ОН и редовно ја обвинува Албанезе за пристрасност.