Како очевидец кој случајно дента од Задар со мојот колега од МРТВ Зоран Таневски испратени да известуваме од распадот на СФРЈ дојдовме во Сплит во истите мигови кога Зенгите( хрватската паравојска) и граѓани на Сплит протестираа пред адмиралштабот на тогашната Воена морнарица на ЈНА на СФРЈ сместен на тогашната Лора во центарот на градот буквално на брегот на Јадранското море. Сплиќани во тие месеци и денови на распадот беа крајно непријателски настроени према војниците на ЈНА. Не е точно дека Сашко Гешовски го застрелал капетан на ЈНА туку тој распореден да го штити влезот во адмиралштабот беше застрелан од припадник на Хрватските Зенги а војникот од Кичево кој беше на сликата која го обиколи светот како го дават граѓани качен на воено возило (хаубица ли сто ли беше) за среќа се спаси и го однесоа во болница.
Се сеќавам дека во известувањето за вечерниот дневник на МТВ полн со гнев во себе од рецепцијата на еден хотел телефонски се вклучив во вестите и буквално кажав дека Сплит и неговите граѓани требе да се срамат како се изживуваа и со свирежи го попреччуваа достоинственото испраќање на загинатиот војник од Македонија и да кажав дека Сплит станал град на разулавени националисти. Рецепционерот кој го слушаше моето јавување ми пријде и ми рече ако бар малку ви значи простете за ова безумие и нечовечност на мооите сограѓани. Простете ни. Јас до ден денес не сум бил нити ке отидам во Сплит,толку бар можам да им вратам за нечовештилукот што го видов. Затоа да бидам искрен читав скоро некоја иницијатива да ставеле спомен обележе на местото каде што беше застрелан од Сплиќани, а не од некакви капетани на ЈНА. Мој совет за иницијаторите и семејтвото на Сашко,нема потреба од обележје едноставно Сплит беше негов непријател и кога беше мртов и не заслужува овој град никаква плоча обележје дека таму загинал првиот војник на ЈНА во распадот на државата кој почнуваше.