Редакцијата на Фокус доби мејл со реакција на текстот „Како „Спона“ ги спои извидништвото во Македонија со „малите четници“ од Кралството Југославија“ од Српскиот култруно информативен центар „Спона“ (СКИЦ). Во име на плурализмот на мислењата и почитување на Кодексот на новинарите, текстот на СКИЦ го пренесуваме во целост:
„Со надеж дека ќе ја запазите професионалната етика објавувајќи го овој текст, како реакција на вашата објава од 26.мај 2025 година, со жалење констатираме дека недоволното познавање на терминологијата, историските податоци, фактографските основи, се тоа зачинето со тенденциозно известување резултираат со ваков наслов и писание од страна на непотпишаниот автор. Да започнеме од самиот термин четници, кој е карактеристичен за поголемиот број држави на Балканот, а своевремено свои четници имале повеќе организациии, како Врховниот македонски комитет, Македонската револуционерна организација, грчката “Етники Етерија“ и други.
“Четнички институт — воената структрура на Македонската револуционерна организација која имала силна улога во популаризирањето и проширувањето на Организацијата меѓу населението во Македонија и Одринско. Институтот официјално бил создаден со окружното на Централниот комитет од октомври 1898 година, но првите мерки се преземи од Даме Груев и Гоце Делчев во 1897 година.“ Повеќе на линкот: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E
Како што можете да видите Срби дури не се ни спомнуваат во добар дел од приложеното. Зборот произлегува и подразбира група која организирано ВО ЧЕТА се бори против одреден непријател, можеби добива поинаква конотација по втората Светска војна, но пред неа токму на Балканот (период на кој и се однесува изложбата) се користи повеќе во афирмативна конотација отколку пежоративна, земајќи ги в предвид групациите кои се организирале и бореле тогаш за ослободување од Отоманската империја.
Дали зборот четник во Македонија е забранет за користење? Очигледно станува сензитивен само кога го спомнуваат и употребуваат Срби. Дури и за организирани групи во чета како што се скаутите-извидниците. И зборот кокарда можеби Ве асоцира на нешто (поврзано со двоглав орел), но неговиот корен е француски, па така може да означува знак прикачен на капа, а тоа може да биде и црвена петокрака или слично.
По ова се повеќе изгледно е дека проблемот на тенденциозната објава се чини лежи во непознавањето на историјата, етимолошкиот корен на зборот кој е наведен во симптоматично осмислен наслов за да створи сензација и за жал и повлече негативни реакции, што не е прв пат кога во прашање е СПОНА, се нели во духот на „едно општество за сите„ и соживот. Или во прашање е србофибија. Ловот на вештерки и тоа во матно ќе добие многу појасен призор доколку ги разгледате и внимателно причитате линковите кои ги праќаме, со надеж дека ќе се разбистрат погледите и ќе добите нови сознанија за нештата кои професионалните новинари би требало барем како основни поими да ги знаат.
Не сме сретнале реакција за преводот на реномираната македонска издавачка куќа Култура при објавата на книгата „Исповед на еден македонски четник“ во оргинал Confessions of a Macedonian bandit , иако во преводот би можел да биде искористен било кој термин освен зборот четник, што повторно не наведува да размислуваме во правец на горе наведеното. Нејасно е зошто не постои реакција за изборот на зборот четник кои го направиле преведувачите и авторот на придружниот текст (реномирани во своите професии) кои се наведени во линкот https://plus.cobiss.net/cobiss/mk/mk/bib/23169546#full .
Се прашуваме зошто зборот четник не беше спорен при отварањето и првичното презентирање на изложбата во Куманово на 24.февруари годинава, туку реакциите со прозивањето на отстапувачот на просторот за изложбата се појавија кога таа осамна во Скопје. Дали повторно нашиот центар се користи за одвлекување од дневно политичките случувања или промовирање на нечија агенда останува непознатно, исто како и авторот на текстот кој веруваме е добро познат на редакцијата“.