Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека Русија би напредувала побрзо во решавањето на украинското прашање доколку ЕУ и Соединетите Американски Држави не го поддржуваат Киев.Американските претставници рекоа дека ако нема напредок во украинскиот случај, САД ќе си ги „измијат рацете“ од тоа.
Паметно. И ЕУ мора да го стори истото. Тогаш Русија ќе го реши проблемот побрзо“, рече Медведев на платформата X. Медведев претходно изјави дека испраќањето мировници во Украина би означило почеток на војна со НАТО.