9.5 C
Скопје
28/03/2025 06:55
МАКТЕЛ

    

Спорниот договор за обезбедување на патарини бил раскинат, но кичевската „2 СС“ наплатила 47 милиони денари од ЈПДП!

      

Поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, и негови двајца соработници се под истрага поради договорот склучен во 2022 година со компанијата „2 СС“ за обезбедување на наплатните станици, бидејќи, според МВР и ЈО, обезбедувањето било делумно, а се фактурирало како да е 24/7. Информациите до кои дојдовме покажуваат дека кичевската агенција за обезбедување го добила овој тендер со најниска понуда во споредба со конкурентите, кои понудиле повисоки цени од предвидените средства за набавката. Сепак, поради неисполнување на преземените обврски во целост , јавното претпријатие при крај го раскинало овој договор потпишан на сума од скоро 53 милиони денари, но кон економскиот оператор биле исплатени 47 милиони денари.

Како кичевската компанија за обезбедување „2 СС“ го добила тендерот за обезбедување на патарини тежок речиси 765 илјади евра, поради кој кривична пријава заработи поранешниот управител на компанијата Џемаљ Билбилоски, но и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, заедно со тогашниот раководител на одделението за наплата на патарини и контрола и помошник-директорот за оддржување на патишта? „Станува збор за договор за јавна набавка со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал 2 години да врши континуирано физичко обезбедување 24/7 на сите 14 наплатни станици на ЈП за државни патишта. Тој не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена, а на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување за целиот период“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

   

Според податоците објавени од страна на Бирото за јавни набавки, ЈП за државни патишта и економскиот оператор „2 СС“ на 19.08.2022 година склучиле договор за обезбедување на наплатни станици во времетраење од 2 години, чиј износ со вклучен ДДВ изнесувал околу 47 милиони денари, додека проценетата вредност на тендерот, која не била објавена со огласот, изнесувала над 53 милиони денари, или 6 милиони денари повеќе од вредноста на договорот. Во рамки на тендерската постапка, учествувале уште 2 компании што се занимаваат со обезбедување – „Никоб“ и „Перметуумобиле“, но на крајот бил склучен договор со „2 СС“, која понудила најниска цена од 44.889.600 денари без вклучен ДДВ. Колку за споредба, највисоката понуда, без вклучен ДДВ, изнесувала  

Притоа, треба да се посочи дека најниската понуда од 44.889.600 денари е наведена и во договорот меѓу ЈП за државни патишта и „2 СС“, при уште стои дека данонокот на додадена вредност изнесува 8.080.128 денари, така што се доаѓа до вкупна вредност од договорот од 52.969.728 денари. И на БЈН може да се најде информација дека истиот ден (19.08.2022), истите страни склучиле ваков договор за 24-часовно обезбедување на патaрини од 52.969.728 денари, но тој бил раскинат на 16.08.2024 година.

Со оглед дека од 19.08.2022, кога бил склучен договорот, до 16.08.2024, кога бил раскинат договорот, поминале 2 години, колку што впрочем било времетраењето на договорот, се поставува прашањето зошто овој договор бил раскинат, дотолку повеќе што истовремено објавен е податок дека договор за истата работа, склучен истиот ден, меѓу истите договорни страни, но не во вредност од 52.969.728 денари, туку од 46.918.079 денари, е реализиран во целост? Патем, објавата за понискиот договор е на 16.08.2024 година, односно истиот ден кога е раскинат повисокиот договор за 6 милиони денари.

Затоа, од ЈПДП побаравме одговор на неколку прашања: „Колку и кои економски оператори учествувале во тендерската постапка, т.е. дали некој бил дисквалификуван, и ако е така – кои биле причините? Дали договорот е реализиран во целост и колку средства биле исплатени кон компанијата врз основа на него? Зошто договорот е раскинат на 16.08.2024 година, кои биле причините?“. Во однос на тоа, од таму го добивме следниот одговор:

„Во постапката со бр. 06074/2022 за извршување на услуга – Обезбедување на наплатни станици во времетраење од 2 години, учествувале 3 економски оператори и тоа:- НИКОБ ДОО со вредност од 47.040.000; ПЕРПЕТУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ со вредност од 51.072.000 и 2 СС ДООЕЛ со вредност од 44.889.600 денари.
Согласно извештајот за евалуација, сите 3 економски оператори ги исполнуваат условите за учество, но согласно со предвидените средства за јавна набавка во износ од 45.000.000 денари без пресметан ДДВ, поради што 2 понуди се неприфатливи поради надминат износ по Одлука за јавна набавка.
Инаку, вкупен износ на договорот беше 52.969.728 денари, од кои исплатени се 46.918.079 денари. Договорот беше раскинат поради неисполнување во целост на обврските преземени со договор и со оглед на тоа што е отворена постапка за овој предмет ве молиме да се обратите до соодветните органи што ја водат постапката“.

Оттука произлегува дека „2 СС“ го добила овој тендер поради пониска понуда од конкурентите, чии понуди ги надминувале средствата предвидени за оваа набавка. Меѓутоа, договорниот орган го раскинал договорот поради неисполнување во целост на преземените обврски од страна на економскиот оператор, без да се наведе за кои поточно обврски станува збор. На крајот, иако овој договор бил склучен на сума од 52.969.728 денари, сепак, ЈПДП на „2 СС“ му исплатил 46.918.079 денари.

Инаку, кривичните дела за кои се гонат поранешниот директор на јавното претпријатие Рустеми и двајца негови соработници се злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи, додека, пак, против управителот на кичевската фирма за обезбедување е поведена истрага за кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик.

„Тогашниот директор на јавното претпријатие го пропуштил должниот надзор над носителот на јавната набавка иако знаел дека физичкото обезбедување се врши само делумно. Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, иако знаеле дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале барањата за одобрение за плаќање.

Вториот потписник на договорот бил запознаен со бараната спецификација, но и покрај тоа ги одобрувал барањата и одобренијата за плаќање, по што ги одобрувал и доспеаните фактури кои потоа биле реализирани во корист на Агенцијата за обезбедување“, соопштија од Јавното обвинителство.

Официјалните податоци покажуваат дека овој спорен договор меѓу ЈПДП и „2 СС“, кој е предмет на истрага на надлежните органи, е најголем тендер што го добила кичевската компанија со дозвола за работа од 2012 година. Арно ама, таа изминативе години соработувала со низа други институции, така што во 2023 година склучила договор со Агенцијата за електронски комуникации за обезбедување на имот и лица во вредност од 21 милиони денари.

Понатаму, кичевската „2 СС“ соработувала и со Државна лотарија. Имено, двете страни во 2023 и во 2024 година склучиле 2 договори за обезбедување и видео надзор на објекти на продажни места и службени простории во износ од по 17,7 милиони денари. Исто така, агенцијата за обезбедување добила вреден тендер и од Археолошки музеј за обезбедување имоти, археолошки предмети, материјали и документација во вредност од 11,8 милиони денари, како и низа други тендери.

Податоците од Бизнис мрежата покажуваат дека моментално сопственик на „2 СС“ е Самир Билбилоски, а управител е Сибел Туфекџи. Во последната година, компанијата склучила 18 договори за јавна набавка, а 2023 година ја завршила со приходи од 164 милиони денари и добивка од 29,5 милиони денари. Тоа претставува раст на приходите од 54 отсто во споредба со претходната 2022 година, додека растот на добивката изнесувал цели 108 проценти.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

  

Најново

Апелација утре ќе одлучува за жалбите на ОЈО за куќниот притвор на двајцата екс градоначалници

Sase Ivanovski

Пристигна одговорот на ЕУ за царините на Трамп, тие се подготвени на контрамерки

Sase Ivanovski

Захарова му се заканува на НАТО со војна

Sase Ivanovski

Канал 5 и Македонија за Кочани – изјава на Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

Канал 5 и Македонија за Кочани – Венко Филипче

Sase Ivanovski

Напад во Амстердам, најмалку пет лица избодени со нож

Sase Ivanovski

Јаневска во Аргумент плус: Не сме поврзани со политички партии, нашите барања се за системски промени

Sase Ivanovski

Владата распиша тендер за прес-клипинг, ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Sase Ivanovski

Како да се заштитиме од напад на куче и зошто се појавува агресија кај домашните миленици

Sase Ivanovski

Путин: Трамп е сериозен за Гренланд, Русија ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Sase Ivanovski

Голема измама во Штип тешка 3,5 милиони евра: изготвувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори и наплаќале

Sase Ivanovski

(Видео) Додик мораше да ја напушти конференцијата во Израел:„Ми рекоа дека не сум добредојден“

Sase Ivanovski

Со чисти оџаци се чува буџетот, природата и животот

Sase Ivanovski

МВР го гони тепачот од Радовиш, партнерката не

Sase Ivanovski

Повеќе ноќни клубови под клуч – ќе останат затворени се додека не ги исполнат условите за работа

Sase Ivanovski

Одложено судењето за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Теодора Ристовска

Sase Ivanovski

ПИСАНИЕ – Плусинфо како повод

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје

Sase Ivanovski

Филипче: На лидерска средба ќе предложам конкретен план, да го направиме тоа што треба за државата и за семејствата од Кочани

Sase Ivanovski

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski
Вчитувам....