Вечерва се емитува шестата епизода на СПорткаст на „Слободен печат“.
Гостин во шестото издание на СПорткаст е атлетичарот Игор Јакимовски, еден од најголемите виновници што Македонија имаше свој претставник на летните олимписки игри во Париз во маратонското трчање во името на Дарио Ивановски. Со Јакимовски разговаравме за неговото детство, школувањето во Сараево во текот на војната, почетоците во атлетиката, за трчањето, животните подеми и падови, за вербата во бога.Во „маратонската“ епизода на СПорткаст која трае над два часа, Јакимовски ни го раскажа и патот на Дарио Ивановски до атлетските височини, за нивното запознавање, напорното тренирање, атлетските трки, како и за, како што вели, лошиот третман од атлетската федерација на Македонија. Разговорот со Игор Јакимовски ќе можете да го проследите вечерва со почеток од 20 часот, на јутуб-каналот на „Слободен печат“.