22.8 C
Скопје
07/05/2025 14:45
МАКТЕЛ

     

СРАМОТА Е ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН Трамп, Путин и Гутереш повикаа на смирување на тензиите

      

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, објави на мрежата Икс дека внимателно ја следи ситуацијата и додаде дека Вашингтон ќе продолжи да ги ангажира азиските соседи за да се постигне „мирно решение“. Лидерите на САД, Русија и Обединетите нации упатија апели за воздржаност откако Индија изврши ракетни напади врз неколку цели во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на смртоносниот напад од 22 април во кој загинаа 26 цивили. Воената ескалација меѓу двете нуклеарни сили предизвика загриженост во меѓународната заедница, а Вашингтон, Москва и ОН повикаа на деескалација и отворени канали за дијалог. „Ова е срамота“ Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нарече растечките тензии меѓу Индија и Пакистан „срамота“, додека државниот секретар Марко Рубио оствари разговори со официјални претставници на двете нуклеарно вооружени ривалски држави, откако Индија нападна неколку цели во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир, објави Ројтерс.

Индија е важен партнер за Вашингтон во рамки на напорите за спротивставување на растечкото влијание на Кина, додека, пак, Пакистан останува сојузник, иако неговото значење опадна по повлекувањето на САД од Авганистан во 2021 година. Пакистан соопшти дека подготвува одговор на индиските воени дејствија од доцна во вторникот, кои следеа по напад, извршен од исламистички милитанти на индиската страна од Хималајскиот регион на 22 април, во кој загинаа 26 лица. – Срамота е, штотуку слушнавме за тоа. Претпоставувам дека луѓето очекуваа нешто да се случи, со оглед на минатото. Тие се борат веќе долго време. амо се надевам дека брзо ќе заврши – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, објави на мрежата Икс дека внимателно ја следи ситуацијата и додаде дека Вашингтон ќе продолжи да ги ангажира азиските соседи за да се постигне „мирно решение“. Стејт департментот соопшти дека Рубио разговарал со советниците за национална безбедност на двете земји, повикувајќи ги „да ги одржат комуникациските канали отворени и да избегнат ескалација“.

   

Амбасадата на Индија во Вашингтон соопшти дека индискиот советник за национална безбедност, Аџит Довал, го информирал Рубио за воените дејства, кои се случиле рано во средата според азиско време. Изминативе денови, Вашингтон ги повикуваше двете страни да соработуваат во деескалација на тензиите и да дојдат до „одговорно решение“. Високи американски претставници, вклучително и Трамп, изразија поддршка за Индија по нападот од 22 април. Американските власти не го обвинија директно Пакистан. Минатиот месец аналитичари изјавија дека Вашингтон можеби ќе ги остави Индија и Пакистан сами да се справуваат со тензиите во првите денови, делумно поради тоа што е зафатен со постигнување дипломатски цели во војната на Русија во Украина и во конфликтот меѓу Израел и Газа. Трамп на 25 април изјави: „Индија и Пакистан ќе си ги средат односите на еден или на друг начин.“ Стејт департментот соопшти дека е во контакт со двете држави на повеќе нивоа, а Рубио минатата недела повторно оствари телефонски разговори со нив.

Русија повикува на воздржаност Русија ги повика Индија и Пакистан на воздржаност во екот на сè посилната воена конфронтација меѓу двете нуклеарни сили. „Русија е длабоко загрижена поради ескалацијата на воената конфронтација меѓу Индија и Пакистан. Ги повикуваме страните во индиско-пакистанскиот конфликт да покажат воздржаност со цел да се спречи понатамошно влошување на ситуацијата во регионот“, соопшти руското Министерство за надворешни работи на Русија. Гутереш е многу загрижен за индиските воени операции Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на максимална воена воздржаност и од Индија и од Пакистан и нагласи дека „светот не може да си дозволи воена конфронтација“ меѓу двете земји, објави УН њуз. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, изјави дека Гутереш е „многу загрижен“ за индиските воени операции преку Линијата на контрола, што е де факто границата меѓу делови од Кашмир под контрола на Индија и Пакистан, како и преку меѓународната граница на двете земји. – Генералниот секретар е многу загрижен за индиските воени операции преку линијата на контрола и меѓународната граница. Тој повикува на максимална воена воздржаност од двете земји – рече портпаролот. Индија вчера изврши ракетни напади од воздух и од земја врз најмалку девет локации во Пакистан, тврдејќи дека цели биле скривалишта на милитантни групи кои стојат зад нападот кон крајот на април во спорниот регион Кашмир во кој загинаа најмалку 26 цивили. И Хиндуистичка Индија и исламски Пакистан го сметаат муслиманскиот Кашмир за своја територија, иако контролираат само дел од него и веќе имаат водено војни околу регионот. Индија го обвини Пакистан за нападот од 22 април, но Исламабад ги отфрли обвинувањата и побара независна истрага.

  

Најново

ПАКИСТАН ГО ПОВИКА ИНДИСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР Се засилуваат дипломатските тензии меѓу двете нуклеарни сили

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРЕНИ ЕЧЕЛЕ И ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВАЛЕ ВО КИЕВ Русија изврши масовен напад неколку часа пред примирјето на Путин

Sase Ivanovski

Ујдурми на Димитриевски и неговиот кум за продажбата на плацот на кој ке се гради Лидл во Куманово. Очекувано општината даде изим да се смени ДУП-от

Sase Ivanovski

Од локална акција до регионален ефект: Собирните центри сe клучни за ефикасен систем за управување со отпад

Sase Ivanovski

ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат

Sase Ivanovski

ОЈО ќе го гони зетот на Зоки Фаци кој намерно подметна пожар во куќата и станот на сопругата: На 1 мај прво се заканувал, а потоа ја реализирал заканата

Sase Ivanovski

Таравари на ДУИ и’ препорачуваше „Ефридол“, а сега?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторанот Парк: Уникатен ресторан за свадби што е дефиниција за романтика и елеганција

Sase Ivanovski

Муцунски: Честитки до Јохан Вадефул за неговото назначување за нов министер за надворешни работи на Германија

Sase Ivanovski

Вучиќ отпатува за Москва

Sase Ivanovski

Стипендии за студии во Италија за академската 2025-2026 година

Sase Ivanovski

Невреме во Дојран: Обилни дождови, грмежи, ветер и крупен град

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пакистан: 26 цивили убиени, 46 ранети, „ќе одговориме“, Индија: „Нашите напади се пропорционални“

Sase Ivanovski

Блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево, започнат е ненајавен протест

Sase Ivanovski

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа: Почнува конклавата за избор

Sase Ivanovski

Мицкоски: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Sase Ivanovski

Ги внеле во автомобил, ги удирале со боксови: Две грабнувања во Тетово

Sase Ivanovski

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Аца Лукас ќе бара идни турбофолкери во МКЦ со помош на Бени Шаќири. Дојдете!

Sase Ivanovski

Градоначалниците отсега ќе може да се отповикуваат на референдум

Sase Ivanovski

Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Sase Ivanovski

МТСП: Доделени 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Достоинствено одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода двајца грабнувачи од Тетово, одреден 30 дневен притвор

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Фатен крадец во Кавадарци, поднесена кривична пријава

Sase Ivanovski

Global Azure Skopje 2025: Хуманитарен ИТ настан со поддршка на семејствата од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Втор ден како Филипче молчи и не се откажува од наркодилерот Андон Стојков, каков интерес штити?

Sase Ivanovski

Претседателот Костадиновски продолжува со работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Започна официјалната посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

ДОМ: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ – ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

Sase Ivanovski

ПОД МОТО „СОБРАНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ОТВОРЕНО И ОДГОВОРНО“, ПАРЛАМЕНТАРНИОТ КАРВАН ЌЕ ОБИКОЛИ ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ НИЗ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, што значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Министерство за европски прашања: Билатерални средби на МЕП Муртезани на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција

Sase Ivanovski

Делото на Крамариќ и „Матица македонска“ ги обединија сите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не молчи, да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“ од Законот за градба и не можеме да се изначудиме како владејачката ВМРО-ДПМНЕ укина еден вака важен член од законот

Sase Ivanovski

Заеднички чекори кон инклузивни работни средини- ново партнерство на GEA и Women in Tech

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул, Турција

Sase Ivanovski

Директорот на Царина од Анкара: зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Воведуваме училишни униформи за сите основци од септември

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот, но и да ја вратите доверба кај народот, продолжуваме да инвестираме во безбедноста

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска на Евроазискиот економски форум – Заеднички иницијативи и соработка за надминување на предизвиците

Sase Ivanovski

Нов веб-сајт на ЈСП Скопје и Линии „100“ и „200“ за Саем на книга

Sase Ivanovski

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

Sase Ivanovski

(ФОТО) “STRADA BRUTALISSIMA”: 19. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ: МКА 2000 слави 25 години: На 30 мај 2025 година – регионална тркалезна маса за иднината на менаџмент консалтингот

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ – Средба на Сиљановска-Давкова со Јакоб Гранит, генерален директор на СИДА

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на Support Kocani

Sase Ivanovski

(Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа!

Sase Ivanovski

Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност

Sase Ivanovski

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Sase Ivanovski

Себастијан Фицек доаѓа на Саемот на книга 2025

Sase Ivanovski

11 години без нашиот истакнат писател и професор Науме Радически

Sase Ivanovski

ПРОМЕНЛИВОТО ВРЕМЕ ЌЕ ПОТРАЕ: Еве што велат метеоролозите

Sase Ivanovski

Светски ден на астмата – 300 милиони луѓе во светот и 100.000 во земјава живеат со оваа хронична болест

Sase Ivanovski

Индија тврди дека Пакистан отворил артилериски оган преку границата

Sase Ivanovski

10 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИМИНАЛ ТЕЖОК 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО РЕК БИТОЛА Намерно отфрлиле понуда на тендерот за ископ на јаловина?

Sase Ivanovski

ИНСУЛИН СЕГА ИМА, НО КВАЛИТЕТОТ НА ПОМАГАЛАТА Е ПОД ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРИ: Пациентите со дијабетес бараат системски решенија

Sase Ivanovski

ИСПЛАТЛИВА ИЛИ НЕ, МАКЕДОНЕЦОТ СИ САКА ПОЛОВНА КОЛА, ДАЛИ НОВИТЕ СЀ УШТЕ СЕ САМО ЗА БОГАТИТЕ – паѓа бројот на увезени нови автомобили

Sase Ivanovski

Новите државни коцкарници во Македонија направиле загуби во работењето

Sase Ivanovski

ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ГОРАН АНТЕВСКИ СЕ СТЕКНА СО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВРЕДНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА – еве за што извести банката

Sase Ivanovski

Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?

Sase Ivanovski

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Расте бројот на банкроти во Европа

Sase Ivanovski

Алсат: Арбен Таравари ќе ја напушти Владата

Sase Ivanovski

Кос: Србија има историска можност да се приклучи кон Европската Унија

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со коалицијата „Вреди“ по најавите на Таравари за раздвојување

Sase Ivanovski

Литванија, а по неа и Латвија забранија прелет на авионот на Вучиќ кон Москва

Sase Ivanovski

Повеќе од три месеци не се знае судбината на Миле од Неготино

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова се сретна со тимот од „Support Kocani“: Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба

Sase Ivanovski

Пакистанскиот премиер Шариф: Имаме целосно право да се браниме од воениот напад на Индија

Sase Ivanovski

Трамп: „Штета“ е што имаше индиски напад врз Пакистан

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан; Пакистанската армија собори два индиски воени авиони

Sase Ivanovski

Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина доколку сè уште беше дел од Г7

Sase Ivanovski

Убиен командант на Хезболах во израелски напад со беспилотни летала во јужен Либан

Sase Ivanovski

Во Котор е уапсен Американец-бегалец, обвинет за убиство во родната земја

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан

Sase Ivanovski
Вчитувам....