Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата. „Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството и туристичката индустрија“, пишува српски Блиц. Милош Турински од локалната ПР Инфостуд, најголемата српска база на податоци за наоѓање работа, за споменатиот медиум изјави дека Црна Гора ги објавила првите огласи за овие работници уште во јануари, а потоа Словенија и Хрватска, па веќе пристигнале голем број работници од Србија на Јадранот, каде подготовките за новата летна сезона траат веќе подолго време.
„Ова е тренд на кој сме сведоци со години, додека, од друга страна, самата Србија се бори да најде работници во угостителството поради големиот дефицит. Проблемот само ќе се зголемува како што се загрева летната туристичка сезона на Јадранскиот брег“, вели Турински. Според бројот на ангажирани работници од Србија на сезонски работни места во овој сектор, Хрватска е број еден, истакнуваат оттаму. Следуваат Словенија и Црна Гора.
ФОТО: freepik.com/Drazen Zigic