Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета со вршител на должноста амбасадор на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин. На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции.
Министерот Тошковски ја обнови иницијативата за склучување на заедничка декларација за намери за заемно признавање на возачките дозволи. Беа разгледани и сите други аспекти на соработка во областа на безбедноста и полициското работење, размена на информации, едукација на полициски служби, како и соработка во борбата против сите видови организиран криминал.