Денеска (20.09.2023) во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа протоколарна средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и новоназначениот амбасадор на Република Словенија Н.Е. Грегор Пескор.
На средбата министерот Спасовски изрази благодарност за поддршката од страна на Република Словенија за процесите за започнување на преговори со ЕУ, како и добрите пријателски односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи на двете пријателски земји што резултира со многу заеднички проекти, ангажмани и разни видови на соработка. Дополнителна потврда на досегашната одлична соработка е и претстојната посета на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, на која е предвидено да се потпише Меморандум за соработка во обезбедување на развојна помош.
Амбасадорот Пескор рече дека за поздравување е континуираното подобрување на условите во кои работи македонската полиција од страна на раководството на МВР како во однос на материјално-техничките средства, така и во поглед на зголемување на платите за вработените, како стимул за подобри резултати. Истовремено од двете страни беше истакната и бескомпромисната борба на полицијата во однос на справувањето со сите видови на криминал со тенденција за продолжување и продлабочување на соработката и на оперативен план помеѓу нашите две министерства.