Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, воопшто при што двете страни ја потенцираа меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.
Министерот Тошковски изрази благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.Средбата заврши со меѓусебно уверување во заемната посветеност на решавање на заедничките предизвици и апсолвирање на заедничките приоритети, како и со ветување за натамошна заедничка поддршка во сузбивањето на илегалната миграција и нејзиното сузбивање.