Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и заменик-координаторите Дафина Стојаноска и Бојан Стојаноски, остварија средба со претставници од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), во состав: Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа; Даниел Браун, директор на канцеларијата на КАС во Скопје и Давор Пашовски, програмски менаџер во канцеларијата на КАС во Скопје. На средбата беше поздравена досегашната континуирана и плодна соработка со Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и беше истакната подготвеноста оваа соработка да се унапредува во периодот што следи.
Координаторот Мицевски ја нотираше досегашната поддршка на КАС во унапредување на капацитетите на составот на Пратеничката група и ја истакна потребата од продлабочена соработка во делот на креирање на реформите. Дополнително се разговараше за унапредување на собраниската улога во креирање и унапредување на антикорупциското законодавство. Во оваа насока се истакна и потребата за подобрување на комуникацијата со јавноста и транспаретноста во унапредување на реформите. Усватов изрази благодарност за реализацијата на оваа средба и ја истакна подготвеноста на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа за поддршка на напорите на Пратеничката група за унапредување на реформите и борбата против корупцијата.