Членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Туркије остварија средба со своте турски колеги кои престојуваат во возвратна посета на земјава.
Оваа посета на Делегацијата од Меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Северна Македонија, на Големото турско национално собрание, предводена од претседателот Ахмет Килич, како што беше оценето на средбата, е уште една можност за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји, кои традиционално негуваат исклучителни пријателски односи.
Претседателот на ПГ на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Република Туркије, Бејџан Иљас, оцени дека односите меѓу двете земји се на највисоко можно ниво во повеќе области.Тој посочи и дека економската соработка меѓу Северна Македонија и Туркије е мошне задоволителна, со интенција да премине на уште повисоко ниво, како што е и соработката на ниво на парламенти.
Килич нагласи дека турската заедница во Северна Македонија е значаен мост на билатералната соработка. Очекуваме, рече Килич, нашите сонародници во Северна Македонија, особено оние кои имаат значајни улоги во општеството, да дадат свој посебен придонес за земјата во која живеат.
Пратениците од Северна Македонија и од Туркије разменија мислења и за регионалната стабилност, за соработката во рамки на НАТО, како и за можностите за интензивирање на соработката во многу други области, како здравството, образованието или туризмот.Соговорниците заклучија дека двете земји споделуваат историски врски и заеднички културни и цивилизациски вреености и дека во тешки моменти секогаш си подавале рака за помош и поддршка.Вторник, 24 јуни 2025