Во рамките на Економскиот парламентарен форум во Маракеш, Мароко, пратениците Сали Мурати, Дафина Стојановска, Калтрина Бекири и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибиш Јусуфи, остварија исклучително искрена и пријателска билатерална средба со шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеранот од Босна и Херцеговина, Рејхана Дервишновиќ и претставници на Собранието. На оваа средба се нагласи дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина од денот кога ја стекнаа својата независност, како во сите области, така и меѓу двете Собранија, се одржуваат пријателски и братски односи.
Беше потенцирана подготвеноста во сите прашања да ја пренесеме и зацврстиме на повисоко ниво нашата позиција и нашето длабоко пријателство што го достигнавме во билатералните односи, на меѓународните платформи, во споделувањето искуства и во работата на Собранијата. Исто така, се заклучи дека двете Собранија имаат голема одговорност во преземањето важни чекори во прашањата на единството, целосноста, суверенитетот, стабилноста, процесите за кандидатурата за Европската Унија, владеењето на правото и економската благосостојба на двете земји.