Во продолжение на работата за идентификација и апсење на учесниците во инцидентот во Студентски град, припадници на сепската полиција во Белград идентификувале и уапсиле уште седум лица поради сомнение дека учествувале во групата која го нападна студентот Милош Павловиќ и неговите пријатели во Студентскиот град во Нов Белград. Досега се уапсени вкупно 18 лица, соопшти вечерва српската полиција .
Приведени биле и две лица за навреда на полицајци на вечерашниот протест пред Полициската станица Нов Белград. Полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува со понатамошната работа на идентификување и апсење на другите учесници во инцидентот, како и на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај, а против сите кои сториле кривични или прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата во Белград