Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на кучиња, студенти, професори, како и сите луѓе со добра волја да ни се придружат во недела на 30 март од 10 до 14 часот на Факултетот за ветеринарна медицина!“ велат во објава на социјалните мрежи. Идејата ја добиле од ученици од средното земјоделско училиште во Шабац. Програмата започнува во 9:00 часот во недела со пријавување на учесници. Извор: Новинска агенција МЕТА
View this post on Instagram