Стратегијата и Повелбата се два клучни документа што произлегуваат од двегодишниот проект на ССНМ и Институтот РЕСИС, со кој беше извршено сеопфатно истражување на положбата на вработените во медиумската индустрија. Над 2.000 вработени новинари и медиумски работници извршуваат над 3.400 работни позиции. Ова е само еден од бројните податоците произлезени од двегодишното истражување на ССНМ и Институтот РЕСИС од Скопје од заеднички проект финансиран од ЕУ. Крајниот резултат се петгодишната Стратегија за делување на ССНМ, која е финализирана, како и Повелбата за професионалните и работните права на новинарите и медиумските работници, која беше промовирана на денешната конференција во Скопје, пишува „Вистиномер“
Мапирање на новинарите и медиумските работници, сите прашања поврзани со нивниот социјален статус, особено платите и договорите за работа, прашањата поврзани со нивната безбедност, позицијата на вработените и уште бројни други податоци кои ќе се користат за идни политики во борбата на Самостојниот синдикат (ССНМ) во заштита на медиумските права и слободи и на вработените во медиумите, се дел од стратешкиот пристап на ССНМ, како и на Повелбата, којашто беше промовирана, денеска (26.06.2025) во Скопје. Ова на почетокот од денешната конференција во Скопје го истакна претседателот на ССНМ Павле Беловски, кој кажа дека освен Стратегијата која е финализирана, пред јавноста се презентира и првата „Повелба за работните и професионалните права на новинарите и медиумските работници“.
Стратегијата и Повелбата се два клучни документа што произлегуваат од двегодишниот проект на ССНМ и Институтот РЕСИС, со кој беше извршено сеопфатно истражување на положбата на вработените во медиумската индустрија, како и положбата на самите медиуми на централно и локално ниво, а кој беше финансиски поддржан од Европската Унија. Повелбата ја изработи Тамара Чаусидис, повеќегодишна поранешна претседателка на ССНМ. Документот има Преамбула и 8 членови и произлегува од анализата што е направена за проектот „Работнички права за независно новинарство“. Членови од Повелбат Член 1: Право на независност, слобода на изразување и приоритет на јавниот интерес
Член 2: Недискриминација при вработување
Член 3: Заштита на работните услови
Член 4: Заштита на хонорарните и договорните новинари
Член 5: Право на учество и информираност
Член 6: Право на синдикално организирање и колективно преговарање
Член 7: Прекувремена работа и работни часови
Член 8: Етички стандарди и професионална одговорност
На настанот зборуваа и програмскиот координатор на ССНМ Дарко Дуридански, Чаусидис, д-р Игор Мицевски, аналитичар, истражувач и експерт за медиуми од РЕСИС, како и повеќе претставници на локалните медиуми и други експерти за работнички права. Утре ССНМ ќе ги претстави и формите на договори кои новинарите и медиумските работници би требало да ги применуваат при регулирање на нивните работни односи со работодавачите. Извор: Новинска агенција МЕТА