Првиот вицепремиер во Владата, Изет Меџити, во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма ја критикуваше ДУИ за нејзините обиди да собере што повеќе партии околу себе во пресрет на локалните избори, вклучително и Арбен Таравари. „На ДУИ не и се доволни девет политички партии.
По Села, Дудуш и другите, сега го бараат и Таравари за да бидат конкуренти на политичката сцена, особено на локалните избори“, изјави Меџити. Тој нагласи дека ДУИ, која секогаш самостојно учествувала на локалните избори, сега бара поширока поддршка. „Никогаш не се случило ДУИ да оди како коалиција на локални избори, секогаш одела самостојно. Но јас со целосна увереност велам дека ВЛЕН ќе биде апсолутен победник на локалните избори“, истакна Меџити.