Старата градска архитектура во Прилеп е претежно во централното градско подрачје и поделена е на две групи. Првата група се објекти од крајот на XIX век, кои се во духот на традиционалната македонска архитектура, а во втората група спаѓаат објекти, изградени во почетокот на ХХ век, со примеси на европските стилови. Најзначаен објект од втората група на објекти е куќата на Бектешовци, која што има изобилство на убави детали на фасадите и ентериерот. Оваа куќа е прогласена за културно наследтво на Македонија.
View this post on Instagram