Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека британските војници кои би можеле да бидат испратени во Украина како дел од мировната мисија може да бидат обвинети за кршење на човековите права, бидејќи Обединетото Кралство е потписник на Европската конвенција за човекови права.
Стармер се соочува со повици да даде целосно ослободување од Европската конвенција за човекови права за британските војници кои би можеле да бидат испратени во Украина за да ја одвратат Русија, објави британски Телеграф. Британскиот секретар за одбрана во сенка, Џејмс Картлиџ, им напиша писмо на министрите барајќи од нив да ја максимизираат заштитата на британските сили од можни гонење поради кршење на човековите права. Картлиџ во писмата наведува дека во последниве недели голем број ветерани изразиле загриженост дека би можело да биде извршено прекршување на човековите права против британските војници во Украина, како дел од можна мировна мисија.