„Преместуваме средства во регионот, вклучувајќи авиони, и тоа е за резервна поддршка во регионот“, изјави Стармер пред новинарите пред патувањето на состанокот на Групата седум во Канада, објави Ројтерс.
Велика Британија веќе има борбени авиони на Блискиот Исток, како дел од операцијата за справување со заканите во Ирак и Сирија. Портпаролот на британскиот премиер изјави дека екипажите започнале со подготовките за распоредувањето вчера наутро, кога станало јасно дека ситуацијата во регионот на Блискиот Исток се влошува.
Тој рече дека се распоредени нови авиони за полнење гориво од британските бази и дека ќе бидат испратени дополнителни борбени авиони.Иран и Израел вчера разменија ракетни и воздушни напади, откако Израел започна воздушна офанзива против Иран во која беа убиени воени команданти и научници и беа бомбардирани нуклеарни постројки.