Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе ѝ се обрати на јавноста по воведувањето на царините на американскиот претседател Трамп, што предизвика паника во светот Како што пренесуваат британските медиуми, Стармер во обраќањето ќе потврди дека ерата на глобализација дојде до крајот, пишува „Тајмс“. Неговото обраќање всушнот е одговор на политиките на Трамп, кој воведе огромни царини за повеќето американски трговски партнери, вклучително и Велика Британија.
Британскиот премиер, според најавата, царините ќе ги нарече „погрешни“, но исто така ќе нагласи дека го разбира „економскиот национализам“ на Трамп и зошто го поддржуваат гласачите, кои веруваат дека не виделе никакви придобивки од слободната трговија и масовната имиграција. Неименуван функционер на Даунинг стрит изјави за „Тајмс“ дека „светот се промени, глобализацијата е завршена и сега сме во нова ера“.