Мактел дознава неофицијално дека кандидатот на СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски се спремал вечерва да ја буквално масакрира кандидатката Сиљановска во првиот од трите закажани тв дуели во вториот круг за претседателските избори. Од тимот на Пендаровски наводно се плашеле Стево да не претера па таа да ги откаже преостанатите два дуела, тоа еднаш се случи во нашата историја на претседателски избори, Киро Глигоров ги откажа сите дуели откако Љубиша Георгиевски жестоко распали на дуелот на македонско радио на изборите 1994та. Гордана тогаш беше министерка во владата на Бранко Црвенковски. Стево е многу искусен политичар и одлично се снаоѓа во интервјуа и во тв дуели, има брза мисла и знае да поентира и тоа ќе му даде голема предност во вечерашниот дуел на ТВ 21.