Во соопштението од кривичен се вели дека предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, била изречена оваа казна. Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице кое е поранешен вработен во Општина Карпош. Во соопштението од кривичен се вели дека предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, била изречена оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции. А само во два предмети се изречени затворски казни.
„Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија. Судот го осуди обвинетиот С. Ј и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години“, пишува во соопштението од судот. Двајцата обвинети солидарно се задолжени да ја надоместат штетата на Буџетските средства на Република С.Македонија. Извор: Новинска агенција МЕТА