СТЕФКОВСКИ: По 9 часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел чад, ниту мирис на изгорена пластика, кабли и слични штетни материјали
Јавна благодарност до комуналните редари од Секторот за инспекција на Општина Гази Баба, кои и покрај тоа што вчера беа на терен со мене до 02:00 часот по полноќ, утрово од 10:00 часот повторно беа активни на терен и го открија изворот на загадувањето.
Јас сум најголемиот критичар на нивната работа, секогаш барам повеќе резултати, но во овој случај заслужуваат јавно признание – лично од мене!
Благодарам и на луѓето од ЈКП Гази Баба, кои со механизација работеа неуморно – повеќе од 9 часа!