11.8 C
Скопје
05/05/2025 01:04
МАКТЕЛ

     

Стефковски: Финансиската поддршка од Владата е важен проект со историско значење за развојот на општините во Македонија

      

Прес24: Господине Стефковски, распишан е веќе вториот повик за поддршка од владата за локалната самоуправа. За кои проекти добивте поддршка на првиот повик и што е до сега сработено?

Стефковски: На почетокот морам да ја истакнам важноста на проектот кој го реализира Владата на Република Македонија за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Се работи за исклучиво важен проект кој има историско значење за развојот на општините во Македонија, а дополнително преку овој проект ќе се решат сите децениски проблеми кои ги имаат граѓаните, а за кои општините самостојно не можеле досега да обезбедат финансиски средства за нивно решавање. Што се однесува до општина Гази Баба на првиот јавен повик аплициравме со четири значајни проекти, а тоа е изградбата на нова детска градинка во Инџиково, комплетна реконструкција на Домот на културата во Ченто, изградба на нова училишна спортска сала во Црешево и изградба на новопроектирана улица помеѓу Маџари и Керамидница која е предуслов за изградба на нова детска градинка на тој простор. Градежните работи за новата градинка во Инџиково, реконструкцијата на домот на културата во Ченто и изградбата на нова сала во Црешево се во тек, додека за изградбата на новопроектираната улица во тек е постапката за избор на економски оператор за реализација на градежните работи.

   

Прес24: Со што ќе аплицирате на вториот повик и колкав е буџетот кој може да го искористи општина Гази Баба?

Стефковски:  Општина Гази Баба подготвена го дочека вториот јавен повик на Владата и по само еден ден од неговото објавување до Министерството за локална самоуправа поднесовме 12 апликативни формулари со комлетна документација за нивна реализација од проект до одобрение за градење. Вкупниот буџет кој општина Гази Баба ќе добие на овој повик е 9 милиони евра. Проектите за кои побаравме финансиски средства се: изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница, доградба на ООУ Крум Тошев во Трубарево, изградба на нова фаза на фекалната канализација во Јурумлери, изградба на нова фекална канализација во Идризово – Дрма, конечно решавање на проблемот со пристапот кон гробиштата Камник, комплетна реконструкција на улиците Петре Филиповски Гарката во Триангла, Париска Комуна во Хиподром, Ордан Поп Јорданов во Маџари, изградба на атмосферска канализација на улиците Гемиџиска и Филип Филиповиќ во Железара и други проекти.

Прес24: Едно од вашите евтувања уште пред изборите во 2021 на кои извојувавте во број на гласови најубедлива победа, беше ветувањето дека жителите на Гази Баба ќе се чуствуваат како жители на модерна општина. Веројатно еден од највпечатливите проекти во таа насока е реконструкцијата на Домот на културата- црна точа во општината повеќе од 40 години. Како ќе изгледа овој објект и кога се очекува да биде завршен? 

Стефковски: Домот на културата во Ченто повеќе од 40 години претставуваше најцрната точка во општина Гази Баба која беше место во кое се случуваа и девијантни појави. Во 2021 година кога дојдов за градоначалник на општина Гази Баба пред себе си поставив една цел, а тоа е со својата работа да реализирам голем број на проекти со кои ќе оставам траен белег за периодот во кој сум имал чест да им служам на граѓаните. И точно, Домот на културата ќе биде еден од тие проекти кои ќе сведочат за ова време, кое е време на големи дела. Тоа место ќе биде центар на културата, таму се гради проект по сите европски стандарди. Истиот ќе биде енергетски ефикасен и целосно инклузивен со пристапни патеки, лифтови и тоалети за лица со посебни потреби. Очекувањата се некаде до крајот на оваа година да завршат градежните работи и домот на културата да го пуштиме во употреба.

Прес24: Кои други проекти сметате дека го одбележуваат вашиот мандат?

Стефковски: За мене сите проекти се подеднакво важни, бидејќи истите ги подобруваат условите за живот на граѓаните на општина Гази Баба. За да можеме да донесеме вистински заклучок за тоа како се работело во изминатите повеќе од три години, потребно е да се вратиме на почетокот и да видиме во каква состоба беше општината на денот кога дојдов за градоначалник, а во каква состојба е денес. Во 2021 година кога ја превземав должноста затекнав општина во стангнација, населени места без вода за пиење и фекална канализација, раскопани улици, стотици дечиња на листа на чекање во градинките, училишта без спортски сали, активна постапка за отворање на хемиски отпад во Железара, стотици предмети за легализација на домовите на граѓаните со комплетна документација но без никаков епилог и комплетно затворена општина во која одлучуваа локални моќници во затворени кругови. Каква е состобата денес? Нема повеќе населено место кое нема вода за пиење, изградивме 25 километри нова мрежа на фекална канализација, асфалтиравме повеќе од 150 локални улици, градиме две нови детски градинки во Трубарево и Инџиково, а за до средина на годината ќе започнеме изградба уште на две нови градинки, изградивме училишни спортски сали во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци, ООУ Наум Охридски во Булачани, а во моментов градиме нова сала во ООУ Наум Охридски во Црешево и ќе започнеме со изградба на нова сала во ООУ Григор Прличев во Железара, градиме нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков во Ченто, втора година по ред обезбедуваме бесплатни униформи за 7500 ученици, ја поништив постапката за отворање на нов хемиски отпад во Железара и програмата за заштита на животната средина денес има реализација со повеќе од 97%, решивме повеќе од 2000 предмети за легализација на домовите на граѓаните, а општината ја отворивме и денес граѓаните се тие кои одлучуваат за сите важни одлуки за работа на локалната самоуправа. Едноставно општината постои за да им служи на граѓаните и тоа во изминатите три години го покажавме на дело.

Прес24: Се води дискусија околу законските измени со кои треба да се воведе можсноста за отповикување на градоначалник. Има ли градоначалници од сегашната постава кои смеатте дека би биле отповикани од граѓаните ако во моментов имаше таква можност?

Стефковски:  Можноста за референдумско отповикување на градоначалник пред истекот на мандатот е оправдана и целосно ја поддржувам и истата претставува чекор кон зголемување на демократијата, впрочем и за Венецијанската комисија оваа можност претставува демократска алатка за поголема контрола на граѓаните кон оној кој избрале. Во Република Македонија суверенитетот согласно Уставот произлегува и им припаѓа на граѓаните и токму поради тоа треба да постои законска можност граѓаните да го отповикаат оној градоначалник кој ги изневерил нивните очекувања. За жал таква е состојбата денес со градот Скопје. Имаме градоначалничка која на изборите излезе со конкретна програма “За модерно Скопје”, но наместо реализација на дадените ветувања го видовме спротивното. Денес Скопје е комплетно нефункционален град со јавни претпријатија кој не си ги вршат своите должности. Скопјани повеќе од три години се заложници на неспособноста на менаџментот на градот но не постои никаква можност градоначалничката да биде отповикана пред истекот на нејзиниот мандат, а истовремено сеуште во Македонија на многу ниско ниво е политичката култура и чувството на индивидуална лична одговорност. Што значи тоа низ пример, градоначалничката Арсовска се кандидираше на парламентарните избори како носител на пратеничка листа тука во Скопје и освои 2584 гласови, а на локалните избори имаше 118.545 гласови и наместо да си поднесе оставка, Арсовска без легитимитетот од Скопјани продолжи да биде градоначалничка на Скопје, односно да го узурпира градот. Е токму поради ваквата пракса, потребно е час поскоро оваа можност да се озакони и граѓанинот да има можност да избира, но и да разрешува, бидејќи во единиците на локалната самоуправа основната клетка е токму граѓанинот!

Прес24: Ќе се зголеми ли со ова решени одговорноста и отчетноста на локално ниво и дали има потреба да се вклучи и можноста за одговорност на членовите на Советите?

Стефковски:  Во рамки на расправата која ја организира Министерството за локална самоправа е отворено и прашањето за одговорноста на членовите на Советот и експертскиот тим веќе работи и во овој дел. Она што е важно да се спомене е дека во актуелното законско решение е утврдена одговорноста на членовите не Советот во два случаи, едниот е доколку не се донесе буџетот на општината или градот до 31 Март во тековната година и втората е доколку не се усвои годишната сметка на општината или градот во тие сличаи се распушта Советот и се организираат избори за нови членови.

Прес24: Се подготвувате ли за нова изборна трка на есен и дали Гази баба ќе биде теренот на кој повторно ќе се натпреварувате? 

Стефковски: До локалните избори има уште неколку месеци во кој јас сум целосно посветен на реализација на нови проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и сеуште е рано за било какви калкулации во пресрет на локалните избори. Еден пријател на почетокот на годината ме праша: Дали се спремаш, започнува да тече изборната годината? Јас му одговорив: Верувам во она што го имам сработено и поради тоа сум целосно растеретен и со задоволство ги очекувам локалните избори.

ЛИНК ОД ИНТЕРВЈУ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА БОБАН СТЕФКОВСКИ:

https://press24.mk/boban-stefkovski-so-zadovolstvo-gi-chekam-lokalnite-izbori

  

Најново

ЕДНА ОД НАЈЛЕГЕНДАРНИТЕ СКОПСКИ ФОТОГРАФИИ: ТИТО ОД ТЕРАСАТА НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ПРЕД 100 000 НАРОД

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска за „Алфа“: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Sase Ivanovski

МОТОРЏИЈА ЗАГИНА НА ПАТОТ ДЕБАР-СТРУГА Скопјанка е повредена во сообраќајката

Sase Ivanovski

ПРИСУСТВУВАА 2,1 МИЛИОН ОБОЖАВАТЕЛИ Спречен е бомбашки напад на концертот на Лејди Гага на Копакабана

Sase Ivanovski

„ВОСТАНИЕТО Е НЕИЗБЕЖНО“ Последната средба на Гоце и Даме во Солун

Sase Ivanovski

„ТЕМУ“ НЕМА ДА ИСПОРАЧУВА СТОКИ ВО САД Американците ќе бараат остатоци од магацините

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ПРЕГАЗИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА Тешко повреден е хоспитализиран во „Свети Еразмо“

Sase Ivanovski

СТОИЛОВ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ќе му помага на селекторот Кире Лазаров

Sase Ivanovski

ЈА БОДЕЛ СО НОЖ ПО ВРАТ ПРЕД ПЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА Скопјанец свирепо ја убил партнерката

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Градиме нова Поликлиника, фекална мрежа во Бабин Дол, местна заедница во Пинтија – вкупно 22 нови капитални проекти, мојот народ заслужува!

Sase Ivanovski

Рама: На 11 мај Албанците на средба со историјата, ќе се одреди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ

Sase Ivanovski

РТЦГ: Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога

Sase Ivanovski

Како Лени Рифенштал – режисерката на Хитлер го криеше своето соучесништво од светот?

Sase Ivanovski

Филмот „Flow“ добитник на наградата на публиката ЛУКС за 2025 година

Sase Ivanovski

Концерт на Солунскиот државен симфониски оркестар во Филхармонија

Sase Ivanovski

Загина возач во тешка сообраќајка на патот Кочани – Штип

Sase Ivanovski

Поранешен дипломат: Шефицата на кабинетот на Трамп му забрани на Вучиќ да влезе во Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

Родители во Шпанија цели 4 години на децата не им дозволувале да излегуваат од дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТВ исповед на Керим за погрешно паркираното порше: Си ја платив казната, јас почитувам закони. А што е со службените лица кои ги штителе?

Sase Ivanovski

„Штетата е направена“ – Трошановски за ограничените шанси на Македонија во преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Утре средба Мицкоски и Таравари

Sase Ivanovski

Речиси 200 полицајци во Германија осомничени за екстремизам

Sase Ivanovski

Велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Дебар – Струга, движењето е во прекин

Sase Ivanovski

Француската полиција истражува серија киднапирања на богати луѓе кои работат со криптовалути

Sase Ivanovski

Филипче за најавените протести од ДУИ: Протестот е уставно право, но не треба да се злоупотреби

Sase Ivanovski

Мицкоски: Изгледа Ахмети се уште живее во минатото

Sase Ivanovski

Срна е причината за тешката сообраќајка во Хрватска

Sase Ivanovski

ЗНАЦИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА НАСКОРО ПАРТНЕРОТ ЌЕ ВЕ ОТКАЧИ

Sase Ivanovski

Новите тарифи на САД стапија на сила во 18 часот: Засекогаш ќе се промени автомобилската индустрија

Sase Ivanovski

Трамп објави фотографија на која е облечен како Папа

Sase Ivanovski

Автобус од БиХ се преврте во Хрватска, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ДУИ за Коридорот 8: Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат

Sase Ivanovski

АХВ казни 14 месарници

Sase Ivanovski

Мајка на загинат во Пулс му одговори на Тошковски: Зошто кога бевме кај него не нѐ праша дали нѐ организира опозицијата?!

Sase Ivanovski

Мицкоски: За мене е неприфатливо доколку Таравари го поддржува ДУИ

Sase Ivanovski

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време

Sase Ivanovski

Релиќ со нов сребрен медал и поблиску до Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Sase Ivanovski

МОН: Научното дело „Македонски дијалектен атлас“ ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Дебар – Струга, сообраќајот во прекин во двата правци

Sase Ivanovski

Министерството за економија одзело седум лиценци за кабареа и две за дискоклубови

Sase Ivanovski

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Филипче: Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Sase Ivanovski

Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Македонија со цел подобрување на квалитетот на граѓаните

Sase Ivanovski

Тошковски: Делото на најголемиот македонски великан Гоце Делчев нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела

Sase Ivanovski

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Sase Ivanovski

Филипче: Во СДСМ тече процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Sase Ivanovski

Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби

Sase Ivanovski

Манасиевски: 215 белосветски криминалци добија македонски пасоши во време на Заев, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него?

Sase Ivanovski

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Македонски Концепт до Европскиот Парламент: Време е ЕУ засекогаш да расчисти со етничкиот шовинизам од 19-тиот век во свои редови

Sase Ivanovski

Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани

Sase Ivanovski

Погледнете што направи Суле…

Sase Ivanovski

Тунелот Лаз, кој е најдолг во Србија ќе биде завршен до 28. јуни, ќе го забрза патувањето и ќе влијае на развој на туризмот…

Sase Ivanovski

За улогата на фудбалските агенти во светот на фудбалот, денеска во 16:15 на Телма📺, со Хари Хоџиќ – лиценциран ФИФА фудбалски агент

Sase Ivanovski

Скапотија, ѓубре, неисчистени гробови, „кратка хорор приказна е погреб во Македонија”

Sase Ivanovski

Фаризи за ТВ 24: Ахмети го држи на „готовс“ членството

Sase Ivanovski

На само 1500 метри од македонско-албанската граница се наоѓа прекрасното село Радожда во кое е лоциран и ресторанот Летница, кој на своите гости им пружа угостителски услуги повеќе од 35 години

Sase Ivanovski

Британски „Телеграф“: Путин го тестира трпението на Трамп

Sase Ivanovski

Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24,00 часот, во Велес евидентирана прегласна музика

Sase Ivanovski

Мицкоски: Борбата и делото на Гоце Делчев за Македонија се безвременски, така и ќе остане за следните генерации

Sase Ivanovski

Филков: Измените на законите за Судски совет и Јавно обвинителство се готови

Sase Ivanovski

ИНПМ: И СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА УДАР Е ПРИВАТНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ!?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Покрај минималец од петстотини евра, ССМ бара сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МВР И НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ДА ГО СПРЕЧАТ АХМЕТИ ДА ПРЕДИЗВИКА БЕЗБЕДНОСНА КРИЗА

Sase Ivanovski

КРИВИЧНА ПРИЈАВА – ОВА ГО ИМА САМО ВО ШУТКА: НЕКОЈ ПОЧНАЛ ДА ГРАДИ ЗГРАДА НА ТУЃО ЗЕМЈИШТЕ?!?!

Sase Ivanovski

Пред 80 години, војниците на Црвената армија го ослободија Берлин и го издигнаа чеканот и српот над Рајхстагот, означувајќи го конечниот пораз на нацистичка Германија и крајот на фашистичката тиранија во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 33 ГОДИНИ ОД СТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ДОБРОВОЉАЧКА ВО САРАЕВО

Sase Ivanovski

Се преврте автобус на автопат во Хрватска: Има загинати и повредени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Центрите за податоци играат клучна улога во нашите животи

Sase Ivanovski

Денеска се навршуваат 45 години од смртта на Јосип Броз Тито

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Акција за бесплатно одлагање на кабаст отпад во Кисела Вода се претвори во небезбедно одложен отпад на улица поради несовесни граѓани

Sase Ivanovski

Се одбележуваат 122 години од смртта на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: За две и пол години ќе имаме нов автопат од Тетово до Гостивар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џордан Петерсон: До 35-тата година треба да бидете доволно паметни за да ги знаете овие 6 работи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џорџија Мелони: „Ослободете ја Африка од колонијализмот“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Животот не е за освојување на секој поен – мудроста на Роџер Федерер

Sase Ivanovski
Вчитувам....