Жителите на Хиподром добија нов, уреден паркинг простор кој ќе го олесни паркирањето и ќе придонесе за подобар урбан ред во населбата. Паркингот е целосно поплочен со павер елементи, кои не само што обезбедуваат естетски изглед, туку и гарантираат долготрајност и отпорност на различни временски услови.

