„Длабоко сме вознемирени поради откажувањето на состанокот на Европската рабинска конференција во Сараево. Антисемитизмот не може да се толерира. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да повикуваат на заштита на еврејските животи ширум светот“, се вели во објавата на Канцеларијата на социјалната мрежа X.
Европската конференција на рабини требаше да се одржи оваа недела во Сараево, но, според претседателот на Конференцијата, Финкас Голдшмит, конференцијата е откажана „поради реториката на Сараево“.