Тој изрази надеж дека на Самитот земјите членки на НАТО ќе решат да ја зголемат поддршката за Украина преку воспоставување на „координација за безбедносна помош и обука“ на украинските вооружени сили, како и преку обезбедување одржлива поддршка за земјата на долг рок.
Столтенберг најави и дека на собирот ќе бидат донесени важни одлуки за идна безбедност на земјите членки на НАТО, како и дека Алијансата ќе ги зајакне партнерствата во азиско-пацифичкиот, како одговор на растечкото зближување на Русија со Кина, Иран и Северна Кореја.Првиот човек на НАТО при тоа му посака „добредојде во семејството“ на шведскиот премиер Улф Кристершон, кому ова е прво учество на собир Алијансата по приемот на Шведска за полноправна членка на Пактот во март годинава.
Столтенберг му се заблагодарува и домаќинот на Самитот, американскиот претседател Џо Бајден за неговото „лично лидерство и силна посветеност кон НАТО во текот на многу години“, што, како што рече, „сите не направи посилни“.Според Столтенберг, нема подобро место за прослава на 75-годишнината од формирањето на НАТО од Вашингтон, каде што во 1949 година беше потпишан Северноатлантскиот договор со што беше создадена Алијансата.