Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ во „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека Таравари има две опции, или да остане во владата или да соработува со ДУИ. Според него, доколку Таравари излезе од владата, тоа нема да го наруши владиното мнозинство. Тој зборуваше и за тоа дека локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни избори. „Утринава имаше изјава каде беа презентирани две опции, изборот е прост, има две опции. Средбата е да се дадат дополнителни објаснувања. Да се даде шанса да се постигне заеднички јазик. Сметам дека ни Таравари не објасни доволно. Ако сака да соработува со ДУИ нема место во владата.
Доколку сака да продолжи на патот на промените јасно е на која страна треба да се престрои. Трета опција нема. Нема да има проблем со бадентерот бидјеќи сме кажале дека тоа излегување нема да ја наруши коалцицијата“, рече Стојановски. Тој објасни и дека локалните избори ќе покажат дали граѓаните сакаат предвремени парламентарни избори. „Дали ќе има предвремени избори, ќе зависи од резултатите на локалните избори, бидејќи таму ќе го понудиме и нашиот политички легитимитет. На локалните ќе видиме дали има потреба од парламентарни изброи. Ние ќе го понудиме нашиот легитимитет и ќе видиме како ќе пресудат граѓаните“, додаде Стојановски.