Оваа шема со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра. Тоа што институциите го процесуирале до правосудните органи е веќе познато за целата јавност. Граѓаните знаат кој ги труел и притоа ги крадел. Само судиите на СДС и ДУИ ги штитат криминалците. Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДС и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол.
Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат. Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство? Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега? До кога судиите ќе им служат на СДС и ДУИ, а не на народот. Пресудите се носат во име на граѓаните, а не во име на партиите СДС и ДУИ. Судиите да се освестат и да почнат да работат по закон. Одговорноста за секој пропуст и криминал е нивна.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ