Оттука обвинителство и судството ги штитат директно и Заев и Филипче. Дополнително, правосудниот систем на СДС и ДУИ преку мерка куќен притвор за еден од осомничените, синот на пратеникот Јахоски, праќа порака дека ако го крадеш народот и ако притоа со тие негови украдени пари дополнително и го труеш, следи само симболичен чин притвор во домашни услови. Во целиот овој случај, има и еден бегалец, тоа е Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и човек од СДС. Постапките на судството и обвинителството покажуваат дека поединци од овој систем работат само по насоки од СДС и ДУИ и го штитат криминалот, наместо да ја работат својата работа која е воспоставување на владеење на правото.
Токму овој правосуден систем воопшто не се грижи за граѓаните, исто како што не се грижат и неговите работодавачи СДС и ДУИ. Колку за илустрaција, иако изгласана недоверба на пет судии од Судскиот совет во Собранието која ја претставува народната волја, тие судии мува не ги лази. Судиите од Судскиот совет за кои е изгласана недоверба ладнокрвно велат ќе си работеле и понатаму без разлика што довербата од граѓаните им е на ниво на статистичка грешка или околу два проценти. На дело е спрегата правосуден систем – мазут мафија – СДС, ДУИ. Резултат е кражба и труење на народот. Затоа мора да се стави крај на ваквите случаи, а за тоа мора да има одговорност.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ