Моето процедурално обраќање е на членот 1 од Деловникот. Ете повеќе часови слушавме различни дискусии донекаде и театар зошто така, зошто вака. Јас можам да кажам дека го почитувам вашиот повеќечасовен говор и сите дискусии одеа во насока да има надзорна расправа која е неопходна, вели пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во текот на вчерашната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Тој зборувајќи во контекст на аерозагадувањето и бараната надзорна расправа во врска со истото, потврдува дека ќе има надзорна расправа која притоа ќе служи за да се добијат конкретни одговори, а не да се креира политика.
„Ќе има надзорна расправа во која ќе бидат повикани на одговорност согласно Деловникот и дејствијата што ќе произлезат од надзорната расправа за сите инволвирани во изминатите периоди кои не направиле ништо за аерозагадувањето. Но, нема да правиме надзорна расправа за да фрламе некому гума за спасување и да му спасуваме политичка кариера или да го спасуваме од одговорност“, концизен е Стојаноски. Стојаноски потенцира дека таквата надзорна расправа која ја бара опозицијата ќе биде организирана согласно Деловникот и врз неа ниту еден чинител во Собранието нема да може да остави дамка.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ