Оваа промена доаѓа во време кога ДЗС се соочува со сериозни предизвици, вклучувајќи недостаток на пилоти за гаснење пожари. Претходниот директор, Шабан Салиу е еден од осомничените за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62 лица. Тој неодамна замина од пртивор во домашен притвор. Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од денеска, 27 мај 2025 година, е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оваа промена, според соопштението од ЦУК, е резултат на претходен договор со премиерот Христијан Мицкоски.
Во своето соопштение, Ангелов вели дека ДЗС се соочува со сериозни предизвици, вклучувајќи недостаток на пилоти, проблеми со сервисирање на ер тракторите и отсуство на договори со тимовите за брз одговор, особено оние за гаснење пожари на отворен простор. Дополнително, некои членови на овие тимови немаат соодветна опрема, обука и физичка подготвеност.„Инспекцискиот надзор на противпожарната заштита е во лоша состојба, со недостиг на квалификувани инспектори и сомнежи во валидноста на издадените дозволи. Исто така, во ДЗС работат само неколку специјалисти за ракување со неексплодирани минско-експлозивни средства, кои се чуваат на несоодветен начин“, вели Ангелов.
Тој нагласи дека, и покрај овие предизвици, во Дирекцијата работат способни и искусни лица кои не се наоѓаат на соодветни позици и изрази решеност да ги надмине овие недостатоци и слабости, со цел брзо ставање на ДЗС во полна функција. Инаку, Ангелов потсетува дека стратешката заложба на Владата е формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на ЦУК и ДЗС. Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за укажаната доверба. Оваа промена доаѓа во време кога ДЗС се соочува со сериозни предизвици, вклучувајќи недостаток на пилоти за гаснење пожари. Дирекцијата располага со три ер-трактори, но само еден активен пилот, поради што се нарушува функционалноста на системот за управување со безбедноста. Претходниот директор, Шабан Салиу е еден од осомничените за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62 лица. Тој неодамна замина од пртивор во домашен притвор. Извор: Новинска агенција МЕТА