Жител на неготинско два месеца се грижел за срна, која била најдена повредена откако ја удрило возило на пат. Срната ја нашле ловџии од ловното друштво „Вардар“ од Неготино, кои ја однеле кај Стојан Ристов од селото Тремник и му ја предале бидејќи тој има заградена шума.
„Од страна на ловно друштво „Вардар“ Неготино беше пријавена срна што била удрена на пат. Јас имам заградено два декара багрем. Срната беше со скршена плешка и посветив внимание, се грижев за неа, ја хранев околу два месеца. Плешката и заздрави со тек на времето и денес од страна на ловното друштво „Вардар“ Неготино беше земена и вратена во природа“, изјави за МИА Стојан Ристов од селото Тремник.