МАКТЕЛ

     

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

      

Во првите 100 дена од враќањето на власт, Доналд Трамп предизвика глобални потреси со политика на изолационизам и конфликти со традиционалните сојузници. Неговите потези ја разнишуваат меѓународната стабилност и го редефинираат местото на САД во светот, пишува Ројтерс. Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100 дена по враќањето на власт, силно ги наруши основите на светскиот поредок што САД го градеше по Втората светска војна, пишува Ројтерс. „Трамп сега е многу порадикален отколку пред осум години. И јас сум изненаден“, вели Елиот Абрамс, конзервативец кој служеше под Роналд Реган и Џорџ В. Буш, а во првиот мандат на Трамп беше специјален претставник на САД во Иран и Венецуела.

Политиката на „Америка на прво место“ во вториот мандат на Трамп ги оддалечи традиционалните сојузници, ги охрабри противниците и отвори прашања за границите на неговата стратегија. Неизвесноста околу неговите постапки веќе принуди некои држави да почнат да ги приспособуваат своите политики што тешко ќе се сменат, дури и ако во 2028 година на власт дојде потрадиционален претседател. Критичарите на Трамп предупредуваат и на внатрешни ризици за американската демократија – од напади врз судии, преку притисок врз универзитетите, до спроведување на депортации што вклучуваат испраќање мигранти во затвор во Ел Салвадор. “Сведоци сме на огромна дестабилизација во светските односи,” оценува Денис Рос, поранешен преговарач за Блискиот Исток за администрациите и на демократите и на републиканците.

   

Оценките за промените што ги предизвикува Трамп произлегуваат од повеќе од десетина интервјуа на Ројтерс со актуелни и поранешни официјални лица, дипломати и независни аналитичари од Вашингтон и светските престолнини. Иако дел од последиците можеби ќе бидат долготрајни, експертите веруваат дека ситуацијата сѐ уште не е непоправлива, особено ако Трамп го омекне пристапот – нешто што делумно го направи при повторното разгледување на царинската политика. Сепак, малкумина очекуваат драстична промена, а повеќето земји веќе работат на трајни корекции на своите односи со САД за да се заштитат од идни непредвидливи потези. Некои европски земји почнаа да ги зајакнуваат своите одбранбени индустрии за да ја намалат зависноста од американското оружје. Во Јужна Кореја се води интензивна дебата за развој на сопствено нуклеарно оружје, додека други партнери на Вашингтон се приближуваат кон Кина, барем на економски план. Од Белата куќа ја отфрлаат критиката дека Трамп ја нарушил американската кредибилност. Наместо тоа, тврдат дека ја санира штетата што настанала за време на „несмасното водство“ на Џо Бајден. „Претседателот Трамп презема брзи мерки за справување со предизвиците: ги носи Украина и Русија на преговарачка маса, го запира протокот на фентанил, ги штити американските работници држејќи ја Кина одговорна, и повторно воведе максимален притисок врз Иран“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз.

Според анкета на Ројтерс/Ипсос спроведена на 21 април, повеќе од половина Американци – вклучувајќи една петтина републиканци – сметаат дека Трамп е „премногу близок“ до Русија, а јавноста има мал интерес за неговата експанзионистичка агенда. Високи влогови за иднината на светскиот поредок Иднината на светскиот поредок базиран врз слободна трговија, владеење на правото и почитување на територијалниот интегритет е доведена во прашање. Трамп, кој на глобалните односи гледа низ призмата на поранешен трговец со недвижности, започна широка царинска офанзива што ги потресе финансиските пазари и ја ослаби вредноста на доларот. Обвинувајќи ги трговските партнери за „ограбување“ на Америка, Трамп воведе царини што многу земји ги натераа да размислуваат за зајакнување на врските со Кина. И покрај тоа што ги нарекува царините неопходен „лек“, неговите цели остануваат нејасни. Паралелно, речиси целосно ја смени американската политика кон руската инвазија во Украина, со што ја загрижи Европа и ја отвори можноста за принудување на Киев да прифати загуба на територии во замена за подобрување на односите со Москва. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост за трансатлантските односи: „Ќе биде тешко ако ‘Америка на прво место’ всушност значи ‘Америка сама’“.

Истовремено, експанзионистичкиот говор на Трамп за анексирање на Гренланд, повторно преземање на Панамскиот канал и припојување на Канада како 51-ва држава поттикна дополнителни стравувања. Иако ваквите идеи делуваат крајно екстремни, аналитичарите предупредуваат дека другите големи сили, како Кина, би можеле да ги искористат како оправдување за свои територијални амбиции. Данската премиерка Мете Фредериксен остро реагираше: „Кога најблискиот сојузник ќе побара да преземе дел од нашата територија под притисок и закани, мораме да се запрашаме во што всушност можеме да веруваме“. Одговорот од светот Во Европа, ЕУ веќе подготвува одмазднички царини, а земји како Германија и Франција размислуваат за засилување на своите воени капацитети. Канада, пак, бара посилни економски и безбедносни врски со Европа. Јужна Кореја се обидува да го зачува клучното безбедносно сојузништво со САД, иако е вознемирена од заканите за повлекување на американските трупи. Јапонија, исто така, е изненадена од обемот на наметнатите царини и брза да ја приспособи својата стратегија. Клучно прашање е дали некои држави ќе се обидат да ги зацврстат трговските врски со Кина, која се претставува како алтернатива на политиките на Трамп. Иако експертите велат дека ситуацијата сѐ уште не е непоправлива, штетата врз американските односи со сојузниците и профитот за противниците веќе е голем. „Не сме стигнале до точка од која нема враќање“, вели Арон Дејвид Милер од Карнеги фондацијата во Вашингтон, „но штетата што сега се прави е веројатно немерлива“. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Sase Ivanovski

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Sase Ivanovski

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Sase Ivanovski

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Sase Ivanovski

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство на подмолен начин на татко и син

Sase Ivanovski

Скопскиот аеродром од мај добива директни летови до Барселона и Лион

Sase Ivanovski

Европска недела на имунизација: Високата покриеност со вакцинација спречува епидемии

Sase Ivanovski

Бензините и дизел горивото поскапуваат за 2 денари

Sase Ivanovski

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Sase Ivanovski

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Sase Ivanovski

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Sase Ivanovski

Јавна експертска дебата за потребата од Закон за Уставниот суд

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривични пријави против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ СИТЕ ОПЦИИ ПРЕД ИЗБОРОТ НА НОВА ХИДРОЕЛЕКТРАНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МУХСИН АРИФИ ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА ГО ЧЕКА ПОСРЕДНИКОТ ДА ЗЕМЕ 20.000 ЕВРА МИТО ОД СТАРАТЕЛКАТА НА ПАЦИЕНТКАТА

Sase Ivanovski

ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕКОЈДНЕВНИ АВАНТУРИ – ЛАНСИРАНА КАМПАЊА ЗА НОВАТА OPEL FRONTERA

Sase Ivanovski

Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Sase Ivanovski

Ристовски: Министерството за спорт вложува во спортска инфраструктура и во создавање на млади успешни спортисти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче до милиметар ја следи политиката на Заев, кој со една рака на срце се колнеше во македонска жичка, додека со другата ја распродаваше

Sase Ivanovski

Уставниот суд отвори јавна дебата за Закон за Уставен суд

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 проценти од граѓаните сметаат дека борбата на Владата со криминалот и корупцијата е интензивна и континуирана, но бараат и реформа во правосудството

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Тошковски пред матурантите: Безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и обврска на сите нас

Sase Ivanovski

Собраниска делегација на состанок на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница во Брисел

Sase Ivanovski

ДКСК: Државната комисија како институција продолжува да работи независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат

Sase Ivanovski

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност започнува клучна постапка во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Филков : Сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување

Sase Ivanovski

Јаневска: Со повеќегодишен буџет Владата ќе ја поддржи инфраструктурната модернизација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун

Sase Ivanovski

СРЕДБА ГАШИ – ХАЏИЕВ ПРЕД СОСТАНОКОТ ВО СКОПЈЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРАВНИ ПРАШАЊА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ПАБСЕК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал – Братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Sase Ivanovski

Царинската управа е високо посветена на забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ -преземените чекори препознаени од Европската Комисија

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Едукативна кампања – „Наша надлежност, твое право“,

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е канцерот кој 4 години систематски ги разјадува институциите во општина Прилеп

Sase Ivanovski

Обраќање на претседателот Гаши на доделувањето сертификати за завршена Академија за пратеници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 1570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: И годинава подготвуваме настан за најмладите „На одмор сум, во Скопје сум“, вложуваме во културата

Sase Ivanovski

Дурмиши:Безбедноста и здравјето на работниците е наш фокус, дигитализацијата на работниците процеси ќе овозможи отварање на нови работни места

Sase Ivanovski

Герасимовски: Противпожарната обука и брзата реакција се клуч за безбедноста на институциите и вработените

Sase Ivanovski

МЗ Галичник: Ургентно известување за свлечиште на главниот пат во Галичник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деловните простории во центар на Скопје кои Левица ги купи по багателна цена, не биле подрумски, туку високо приземје каде отвориле и локал

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Посветената и чесна работа на Владата препознаена и признаена од граѓаните, последната анкета покажа огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анкети се платени манипулациите на Маркет Вижн

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со дрзок обид за злоупотреба на чувствата на народот, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правадата и законите

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија осварува средби со граѓаните,членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“ во Демир Капија и Гевгелија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС држи пресови кои се алиби за покривањето на неработата и неспособноста на нивните градоначалници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче се гордее со неговиот претходник и ја следи попустливата политика на Заев кон Бугарија

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца велешани во Струмица, извршиле кражба на возило во Велес и обид за кражба во куќа во Струмица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода две лица во Кичево затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци го оживеаја духот на Горан Стефановски во срцето на Дебар Маало

Sase Ivanovski

Таравари ги посети пациентите од трагедијата на Кочани во болницата “Чам и Сакура“ во Истанбул

Sase Ivanovski

Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за Закон за Уставниот суд

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск

Sase Ivanovski

Лобирањето за избор на нов папа се засилува, исходот понепредвидлив од кога било

Sase Ivanovski

СДСМ обвинува за притисоци врз нивните градоначалници пред изборите

Sase Ivanovski

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Sase Ivanovski

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Sase Ivanovski

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Sase Ivanovski

Бегство во иднината

Sase Ivanovski

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Sase Ivanovski

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Sase Ivanovski

ДИМИТРОВСКИ: АКО ЕВРОПА САКА МИР ВО СВОЈОТ ДВОР, МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАОБИКОЛАТ ИНФРАСТРУКТУРНО

Sase Ivanovski

СДСМ денеска ќе објави нов скандал како Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите

Sase Ivanovski

Осомничениот за убиството во џамијата во Франција се предаде на полицијата во Италија

Sase Ivanovski

ПО 14 ГОДИНИ ВО „ИЗОЛАЦИЈА“, СИРИЈА ДОБИВА ШАНСА ЗА ВТОР ПОЧЕТОК: Саудиска Арабија и Катар ќе го отплатат сирискиот долг

Sase Ivanovski

НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“

Sase Ivanovski

Шмихал: Договорот за минерали со Вашингтон нема да ја вклучува претходната помош

Sase Ivanovski

Обвинение за убиство за 30-годишникот кој газеше луѓе на канадски фестивал

Sase Ivanovski

Трамп по средбата во Ватикан: Зеленски е подготвен да е откаже од Крим

Sase Ivanovski

Автомобил се преврте по сообраќајка во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

Шокирани од мировниот предлог на САД, Украинците велат дека нема да прифатат предавање на Крим

Sase Ivanovski

1 милион долари 🔥 Стерео систем 🔥 Домашно аудио поставка за висококвалитетни аудиофили

Sase Ivanovski
Вчитувам....