Според Светската туристичка организација, трошоците за странски туристи во Европа годинава ќе се зголемат на 573 милијарди евра, или повеќе од 11 отсто во споредба со минатата година, додека домашните трошоци за туризам би можеле да се зголемат за 1,6 отсто, објави магазинот „Бизнис“. Секторот за патувања и туризам на ЕУ ќе продолжи да расте до 2035 година, создавајќи 4,5 милиони нови работни места.
Најновите предвидувања на Светскиот совет за патувања покажуваат дека дотогаш во туризмот ќе работат вкупно 30 милиони работници, додека овој сектор ќе заземе една од седум работни места низ Европа во следната деценија. Во овие предвидувања се наведува дека придонесот на патувањата и туризмот во европскиот БДП ќе се зголеми на речиси 2,3 милијарди евра, додека економското учество ќе изнесува речиси 11 отсто во следната деценија, а годишната стапка на раст ќе го надмине растот на вкупната економија на ЕУ. Дека туризмот ќе биде многу важен говори и фактот што овој сектор преку даночните приходи ќе им носи повеќе од 900 милијарди евра годишно на владите на земјите од Европската унија, со очекување дека во следните десет години трошењето на меѓународните туристи во ЕУ ќе достигне 730 милијарди евра.
Се очекува туристичката индустрија да има добри резултати и оваа година, со раст на речиси 1,9 милијарди евра БДП, што е 10,5% од економијата на ЕУ. Како што пренесува овој портал, се очекува и вработеноста да порасне на речиси 26 милиони работни места, што би сочинувало 12 отсто од сите работни места во Европа во оваа индустрија, објави Политика.