Страшна вест пристигнува од Франција каде што поранешниот фудбалер, Даниел Конгре се бори за живот откако бил избоден со нож. Конгре во кариерата собра над 500 настапи во Лига 1, а во инцидентот кој се случил во Монпелје вчера околу 19 часот се здобил со убодна рана во срцето. Итно бил пренесен во болницата во Монпелје и според информациите во овој момент е во стабилна состојба.
Засега причините за инцидентотн е се познати. Во кариерата Конгре во Франција беше дел од Тулуз, Монпелје и Дижон. Зад себе има и четири натпревари во Лигата на шампоните со Монпелје. Исто така за репрезентацијата на Франција до 21 година има седум настапи, а денес работи како спортски кординатор во Лион.