Денеска 30 минути по седум часот на хрватскиот државен пат Д-8, над градот Дубровник, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина еден маж, објави Index.hr..
Голема карпа паднала врз комбе со дубровнички регистарски таблички, кое се движело од Жупа кон Дубровник. По ударот од карпата возилото се превртело на покрив. На местото на несреќата починал 31-годишен хрватски државјанин, а повреден е 20-годишен хрватски државјанин кој е пренесен во Општата болница во Дубровник.