24-годишен возач од Струга и негова 32-годиншна сопатничка од Охрид се тешко повредени откако вчеравечер излетале од патот кај туристичкиот комплекс „Инекс“, соопшти МВР.
„На 21.05.2025 околу 23:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од с.Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршила екипа на СВР Охрид“, пишува во полицискиот билтен.