Бројни посетители и учесници од земјава и странство, деновиве имаат една дестинација – Струмица, каде што се одржува традиционалниот Струмички карневал. Настанот со вековна традиција е единствен од ваков вид во Македонија, и е поврзан со верскиот празник Тримери. Датумот на одржувањето се менува зависно од Велигден и традиционално се одржува во вторник по Поклади – Прочка, а годинава карневалската недела започна на 26 февруари и ќе трае до 5 март, кога карневалистите ќе му го вратат клучот на градот на градоначалникот.
Веќе четврта година по ред домаќин на овој светски, а струмички настан е Костадин Костадинов, првиот човек на Општина Струмица. Општината е покровител на оваа уникатна манифестација под маски, каде што се слават креативноста, уметноста, и се испреплетуваат различните култури. Струмичани, Организациониот одбор на карневалот, како и цела армија на помагачи, посветено се вклучени во подготовките околу карневалот секоја година, и сплотено се работи на претставување на општината во најдобро светло. Се работи и на зачувување на древната традиција, бидејќи првите пишани документи за карневалот забележани од патеписецот Евлија Челебија датираат од 1670 година, а истовремено и на модернизација на настанот, на следење на новите трендови преплетени со традиционалното.
Од 1994 година пак, Струмица со Струмичкиот карневал е член на меѓународната асоцијација на карневалските градови – FECC, со што карневалот доби интернационален карактер и се вброи во картата на светските карневали. Детално за Струмички карневал 2025 ,,Фокус” разговараше со струмичкиот градоначалник Костадинов, кој очекува илјадници посетители и исполнување на сите сместувачки капацитети. Не ја крие благодарноста кон неговите струмичани, не само за поддршката околу карневалот, туку генерално, за отворениот дијалог, за идеите, како и за сите конструктувни информации, кои му помагале да остане фокусиран и мотивиран да работи кон прогрес секој ден.
Разговараше
Вики КЛИНЧАРОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК