Во текот на денешниот ден ТППЕ Струмица имаше дури седум интервенции. Речиси сите беа на отворен простор каде гореше сува трева, стрништа и диви депонии. Заради големата фреквенција на пожари биле мобилизирани 25 пожарникари-спасители и седум против пожарни возила.Речиси сите пожари се предизвикани од човечки фактор. Пожарите беа во атарите на селата Раборци, Просениково, Банско, Добрејци, Ангелци и Градско Балдовци.
-ТППЕ Струмица апелира до сите кои деновиве од најразлични причини ќе се движат на отворен простор да не палат огнови. Истото се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е потопло и ветровито.Со затоплувањето на времето и во поширокиот Струмички регион ќе се интензивираат земјоделските активности на нивите.Предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици, се наведува во информацијата на струмичките пожарникари.