Иако НОБ тврди дека попустот од 50 отсто за студентите не бил укинат, се чини дека реалноста на теренот до вчера го зборува спротивното. Според изјави од повеќе студенти, билетарницата на оваа установа на повеќе наврати одбила да им го одобри овој попуст, со образложение дека е укинат.
Во истото се увери и новинарот на Мета.мк, кој на два наврати се јави на билетарницата на установата. Ова ја доведува во прашање вистинитоста на нивниот демант и ја отвора дилемата: дали институцијата се обидува да ја затскрие вистината или станува збор за недоразбирање меѓу управата и вработените. Извор: Новинска агенција МЕТА