НСС УКИМ ги повика студентите на пленум, во понеделник во 13 часот пред платото на УКИМ.
– Ова се наши факултети, наше право е да одлучуваме! Не ни треба бирократско тело кое работи зад наш грб. Време е студентите да одлучуваат за своите факултети, а не второстепеното бирократизирано тело УСС. Ги повикуваме сите факултетски собранија да го следат примерот на ФСС ФЗФ и да го делегитимираат телото кое не ги претставува студентите. Во понеделник, сите на платото – студентската автономија не се моли, туку се брани! – стои во нивното соопштение.
Кон незадоволството од коруптивниот општествен систем се вклучи и иницијативата „Нула“, која за албанскиот веб-портал „Лајм“ изјавија дека планираат да организираат протести барајќи правда за неколкуте несреќи кои ја погодија Македонија.
– Ја информираме јавноста дека во понеделник од 12:30 часот ќе се собереме пред плоштадот во Тетово и ќе протестираме до основниот суд во Тетово во знак и во протест на сите трагедии што се случува од сега во Кочани, па и за пожарот во модуларната болница барајќи одговорност. Заради тоа што правдата не може и не смее да биде во сенка, а мора да има одговорност за сите случаи за тоа. Ние како граѓани во Тетово за тоа ќе протестираме, затоа тие тоа ни е нашата должност како како граѓани – изјави Бленди Ходаи од иницијатива „Нула“.
View this post on Instagram